10 работи кои се целосно неважни кога ќе се заљубиме

Книгите и филмовите се главни виновници што имаме погрешна слика за мажите и за тоа како тие треба да се однесуваат со нас.

10-raboti-koi-se-celosno-nevazni-koga-kje-se-zaljubime-01.jpg

Вистината е дека мажите ниту можат да бидат толку романтични, ниту да живеат во бајковити дворци, а уште помалку да јаваат на познатиот бел коњ на кој би требало да се појават.

Господинот Совршен не постои, но кога е вистиската љубов во прашање, тој воопшто не мора да биде таков.

Што не игра никаква улога кога ќе се заљубите?

1. Неговата плата

Дали ќе се однесува кон вас на начинот на кој заслужувате воопшто не зависи од неговата плата. Секоја вистински заљубена девојка ќе ви потврди дека состаноците за кои не се потребни пари се состаноците кои вистински се паметат.

2. Неговата популарност

Момчињата кои го имаат главниот збор во друштвото секако дека им се привлечни на жените. Но, кога вистински ќе се заљубите ќе видите дека неговата срамежливост и ненаметливост се токму она кое го прави привлечен.

3. Неговиот изглед

Иако секој девојка сонува за момче со атлетски изглед, вистината е дека физичкиот изглед воопшто нема да ви биде важен кога ќе сфатите дека тој е оној вистинскиот за вас.

4. Неговата висина

Кога ќе бидете сигурни дека сте ја нашле сроднаат душа неговата висина веќе нема да биде причина за носење или неносење на високите неудобни штикли.

5. Неговото семејство

Единствената работа која треба да ја имате на ум е дека вие сте во врска со него, а не со неговото семејство. Вистинскиот маж ќе ви пружи поддршка, заштита и нема да очекува целото слободно време кое го имате да го потрошите во кругот на неговото семејство.

6. Неговата облека

Некои момчиња едноставно не знаат како да ја комбинираат облеката. Ако ги прашувате нив секоја маичка совршено одговора со сите фармерки. Но, тоа не е причина да не им дадете шанса. Во моментот кога тој ќе ви биде убав и во најсмешната комбинација, ќе знаете дека вистински сте се заљубиле.

7. Неговите години

Не дозволувајте стереотипите на општеството да ви ја скратат шансата за вистинска љубов. Години понекогаш навистина се само бројка. Личностите кои имаат неколку години повеќе од вас се личности од кои можете да научите многу.

8. Неговото претходно искуство

Воопшто не е важно со кого бил претходно, бидејќи постојат причини зошто не е со нив. Не заборавајте дека секој од нас има свое минато, благодарени на кое сите сме станале она што сме во моментот. Најдоброто нешто што можете да го направите е да го оставите минатото онаму каде припаѓа.

9. Неговата романтичност

Гледајте на работите на овој начин: сите момчиња кои се добри во изведување на романтични трикови ги повторувале истите многупати претходно сè додека не ги усовршиле, па нивното однесување е повеќе сигурен шаблон на кој паѓаат девојките отколку чувства кои доаѓат од нивното срце. Ако те слуша внимателно додека зборуваш како си го поминала денот или се грижи кога не му се јавуваш, биди сигурна дека тој постојано мисли на тебе.

10. Неговата сличност со вас

Правилото вели дека спротивностите се привлекуваат, па затоа не грижете се ако дечкото со кого сте во врска не сака иста музика како вас или не се одушевува на истите филмови како и вие. Најубавиот дел од секоја врска е да погледнете низ очите на другиот и да видите дали можеби вие нешто не сте забележале најубаво. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg