Писмо до момчето кое „не беше подготвено за врска“

Еднаш ми кажа „извини за она претходно“, а јас се смеев. Додаде „ако ти значи било што“, а јас уште се смеев. Не ми значеше ништо. Ниту едно извини, после кое следуваше оправдување, никогаш ништо не ми значело.

pismo-do-momceto-koe-ne-bese-podgotveno-za-vrska-01.jpg

Тоа што не примам извинување, не значи дека не сум ти простила. Одамна. Штом сфатив дека не можеше и не знаеше поинаку. Но, уште се мачам за да си простам себеси што бев убедена дека можеш да научиш.

Не ми ни падна на памет дека јас не сум таа за која ќе можеш подобро, пострастно, пољубовно...

Не сакав да останам без тебе. Иако не те ни имав многу, не реално. А, мене ми требаше многу повеќе.

Сепак, те прифатив неподготвен. Таква ти е природата и таква беше врската. Млад, неискусен, незаинтересиран, во потрага по работите кои ќе те определат, дефинираат, оздрават...

Не ми беше здодевно да те чекам тоа да го изведеш, да гледам како напредуваш, да навивам за тебе. Никогаш не ми досади. Но, не ми падна на памет дека тебе не ти треба жена навивач, ментор, водач, советник, пријател. Или барем дека јас не сум таа жена.

И сега размислувам за се што претходно не ми падна на памет. Затоа што сакам да знам дали не беше подготвен за мене или таа подготвеност е нешто што го имаш или немаш.

Дали си подготвен сега? Не за мене. За себе. За живот. Дали некогаш ќе бидеш подготвен?

Би сакала да те набљудувам одблизу. Затоа што никогаш не заклучив дека немаш капацитет или дека нема надеж за тебе. Никогаш не престанав да навивам за тебе.

Посакувам да останеше покрај мене. Посакувам уште да си до мене. Би сакала да си среќен со мене. Но, би сакала и да пораснеш во човекот кој го сакаш, да бидеш среќен со некој, да се сакаш себе.

Љубовта е чудна. Сигурна сум дека е љубов, затоа што не престана. Јас знам дека не си мојата сродна душа, мојата друга половина. Но, само со тебе тежнеев кон слобода.

Не си љубовта на мојот живот која ќе ме буди, турка низ животот и раздрма кога ми е потребно. Но, вистина е дека си ми љубов. Само не таква за каква беше подготвен.

Кога само би можел да се видиш со моите очи, можеби ќе почнеш конечно да се сакаш таков каков што си. Можеби ќе бидеш подготвен. Можеби ќе можеш. Некаде, некогаш, со некој.

Можеби сега конечно сум подготвена да го прифатам тоа...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg