Посветете си време себеси: 8 моменти кога ви е дозволено да бидете себични во врската

Себичноста отсекогаш била сметана за негативна особина – особено кога станува збор за во врските. Но, секое правило има свој исклучок.

posvetete-si-vreme-sebesi-8-momenti-koga-vi-e-dozvoleno-da-bidete-sebicni-01

Спротивно, на мислењето на мнозинство луѓе, себичноста не секогаш е лоша работа. Понекогаш, да се биде себичен може да биде добро, а можеби тоа е токму она што ви е потребно во врската, затоа дозволете си да бидете себични.

Ова се 8-те моменти кога ви е дозволено да бидете себични во врската:

1. Кога сте биле премногу несебични

Ако постојано давате, а не добивате ништо за возврат (затоа што вашиот партнер не возвраќа на вашиот труд), тогаш време е да отстапите. Сѐ што е премногу е лошо – макар тоа било и давање. Ако продолжите само да давате, тогаш ќе се исцрпете и притоа ќе ја повредите врската.

Згора на тоа, ќе ја изгубите самопочитта кога вашиот партнер не се труди и не вложува во врската колку што тоа го правите вие.

Ако оваа врска ви значи толку многу, тогаш потрудете се да допрете до него така што ќе му дадете шанса тој да се докаже. Ако после тоа, не чувствувате дека тој се грижи за вас и за врската, тогаш време е да почнете да ги гледате вашите интереси и да го оставите да биде себичен.


2. Не сте расположени да имате секс

Вие не сте машина. Не секогаш и секаде ќе сакате да спиете со некого, па затоа ако сте уморни и немате желба за интимност, во ред е да кажете „не сега“.  

Ако тој се грижи за вас, тој ќе ги разбере вашите потреби и ќе ги почитува вашите граници. Тој нема да ви наметне или да ве натера да направите нешто што вие не сакате.


3. Не паметите кога последен пат сте кажале „не“

Со желба да го усреќите партнерот, можеби потсвесно се сложувате со сѐ што тој сака, макар и вие да не сакате. Од големите, животно-одлучувачки моменти, до оние малите вие велите „да“ и сте така, сте го изгубиле вашиот став.

Ако досега напишаново е точно, тогаш запрете се. Ако не го помните последниот пат кога сте одбиле, тогаш за прв пат во животот ставете ги своите приоритети на прво место. Вие сте подеднакво вредни како и вашиот партнер, затоа е сосема фер да направите нешто што вие го сакате, а му пречи на партнерот.


4. Партнерот започнал да ве контролира

Ако тој одлучува за сѐ – без разлика дали се мали или големи нешта, не ве вклучува во носењето одлуки, не ве прашува за мислење или не се ни труди да ве сослуша, тогаш знаете дека ова не е во ред и дека со текот на времето, може да ѝ штети на врската. Мора да го искажете своето мислење и вашиот глас да биде чуен.


5. Ги запоставувате сопствените потреби

Ви недостасуваат ли моменти сами за себе? Кога е последниот пат да бевте на фризер и на маникир и педикир? Дали паметите кога последно одвоивте време за себе?

Не можете да дадете максимум ако ви недостига она што треба да ви биде на прво место – грижата за себеси. Во ред е да посветувате љубов и грижа на другите, но никако не смеете да се запоставите себеси на сметка на тоа.


6. Имате цел која не му се допаѓа

Инстинктите речиси секогаш се во право. Иако се смета за себичност да реализирате некоја цел без „дозвола“ на партнерот, ако вие сметате дека тоа е добро за вас и за врската и можете да се носите со последиците од таа одлука, тогаш слободно работете на тоа. Доволно е партнерот да биде известен.

Вие сте возрасни и можете да се грижите сами за себе, па затоа не грижете се ако нешто тргне наопаку. Само бидете сигурни дека ќе можете да се справите со последиците од одлуката.


7. Вашиот распоред е комплетно посветен на вашиот партнер

Ако вашиот планер се состои од активности кои постојат само поради партнерот и така е веќе многу долго време, тогаш очигледно сте заборавиле на себеси. А, тоа никако не смее да се случи.

Затоа, осигурете се дека вашиот планер има активности кои постојат поради вас. На пример, закажете излегување со пријателите или дружење со колегите.

Во оваа ситуација, барањето време за себе не е себично. Дури и ако е така сфатено, тогаш мора да најдете време бидејќи тоа ви е потребно и очигледно сте го заслужиле.


8. Немате доволно од она што треба да го дадете

Ако сте „гладни“ по енергија, имате премногу работи или премалку финансии за да ги споделите, слободно можете да одбиете. Да, точно е дека одвреме-навреме врските бараат време и жртви, но сѐ има граница.

Не давајте повеќе од она што можете да си го дозволите - нешто треба и за вас да остане.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg