Зошто одлучив да ја прекинам 6-годишната врска?
Писмото на една девојка носи силна и важна порака – зборува за искуството на една девојка која после 6 години решила да стави точка и да ја прекине долгогодишната врска.
„Многу луѓе претходно ми имаа кажано дека долгогодишните врски обично завршуваат неславно, но никогаш не сакав да размислувам на тоа.
Го сакав и бев сигурна дека токму тој ќе биде мојот сопруг, татко на моите деца, но работите се свртеа. Веројатно одма помислувате дека ме изневерил со друга, дека јас сум нашла некој друг, дека сме се искарале за којзнае какви сериозни работи... но, ништо од тоа.
Мојата љубов едноставно почна да се гаси. Не ме осудувајте одма, почекајте да ги слушнете моите причини.
Се запознавме на факултет, заедно студиравме, заедно и дипломиравме, а потоа коцките се споија.
Да се разбереме веднаш, не сум од оние разгалени девојки кои се желни само за внимание, кои ништо не можат да завршат сами. Јас сум од оние кои се борат до крајот, кои можат сè, кои ќе направат многу за тој да не се чувствува запоставено, но од него не можев ништо да очекувам.
Точно е дека во првите 3 години од нашата врска сè беше совршено. Се сакавме многу, заедно поминувавме прекрасни моменти, а потоа се опушти.
Веројатно момците се опуштаат кога ќе сфатат дека девојката ги сака, па дека не мораат повеќе да се трудат. Верувајте не е така, за сè потребни се двајца.
Во моментот кога сфатив дека пристигна неговата сигурност, почнав уште повеќе да се борам. Не сакав нашата врска да премине во чудна навика. Се трудев да бидам што е можно подобра во секој момент сум била подготвена за сè што е поврзано со него.
Дури и ги запоставував своите обврски, своето друштво, семејството и моите мали задоволства за да одам на натпревари, после работа да доаѓам кај него, да се грижам за него кога е настинат... Буквално за сè.
Потоа доаѓаше времето кога тој треба да дојде кај мене во станот, кога јас ќе го замолам да одиме некаде, секогаш добивав одговор: „Ме мрзи, дојди ти кај мене, ќе седиме дома“, а никогаш не му беше тешко да излезе со своите другари и да ги завршува своите обврски.
Се чувствував како да ме става во втор план, па дури и трети.
Сето тоа траеше 3 години, а јас полека, но сигурно станував депресивна. Сфатив дека сум запоставила сè, тој воопшто да не го забележува тоа, како да не сфаќа дека нешто не е во ред со нас.
Моите зборови не допираа до него, плачев, и молев да се промени нешто, но тој сметаше дека нема потреба од такво нешто, дека кај нас сè е во најдобар ред.
Да, нему му беше одлично, а јас станував сè понервозна, раздразлива и депресивна. Гледав како луѓето околу мене се среќни, а јас не памтам кога последен пат сум се насмеала.
Потоа ќе почнев да зборувам за тоа што не е во ред со нас и се расправавме. Расправиите стануваа сè почести. Јас зборувам, тој не слуша и се чувствував како да зборувам на ѕидовите околу мене, а потоа се расправавме.
Сè беше премногу мачно за мене, не знаев што да направам, за да забележи дека нешто не е во ред со нас, дека не сакам повеќе да се насочувам кон него, а да не добивам повратни информации.
Една ноќ добро размислив. Не сакав да ги фрлам во вода тие 6 години, но не можам да се трудам сама. Сакам да се чувствувам сакано, да добивам поддршка, едноставно да чувствувам дека е присутен, а јас едноставно ништо немав.
Донесов одлука. Следниот ден му се јавив, секако, повторно морав да одам кај него. Собрав сила и му кажав дека не можам повеќе. Не можеше да поверува во тоа што го слуша, но јас не се откажував од својата одлука.
Ми беше тешко, срцето ми се кинеше, но јас морав да продолжам понатаму. Не веруваше, ме замоли да си заминам и да размислам уште еднаш, ми вети дека ќе се промени, дека сè ќе биде подобро.
Океј, можеби ќе се промени, но каде беше сево ова време? Како ништо не забележа досега? Не е важно, попуштив уште еднаш и му реков дека ќе си заминам и дека ќе му се јавам за неколку дена. Ме молеше низ солзи добро да размислам.
Не поминаа неколку дена, а тој тропна на мојата врата. Уште еднаш разговаравме, уште еднаш му објаснив во што е проблемот и што ме мачи, во надеж дека нешто сфатил и дека има решение. Во тој момент кога му кажав дека е разгален и себичен, збесна и си замина од станот.
Таа реакција беше причина за мојата конечна одлука. Кога сфатив дека не може да прифати критика и дека нешто ме мачи, знаев дека ништо нема да се промени.
Тешко ми беше, но после неколку часа му се јавив да му кажам дека донесов конечна одлука. Можеби животот некогаш повторно ќе не спои, никогаш не се знае...
Го сакам и понатаму, но не можам да бидам во врска кога се чувствувам осамено, кога немам поддршка, ниту чувство дека некој ме сака.
Со денови ме бараше, но не попуштав. Продолжив понатаму, си ги завршував обврските, повторно почнав да се дружам со луѓе и си ја вратив насмевката. Почувствува олеснување. Секако, постоеја и сè уште постојат моменти во кои се чувствувам тажно, но се борам против тоа.
Никогаш не си замислував дека вака ќе заврши...
Она што сакам да го кажам на секоја девојка е дека колку и да сакате некоја личност, себеси треба да се сакате повеќе. Никогаш не ги запоставувајте своето семејство и пријатели заради некој кој ќе ве става во втор план.
Мојата среќа е во тоа што сум опкружена со прекрасни луѓе, што и покрај сè, и покрај тоа што ги запоставував, веднаш ме прифатија и се трудеа да ми ја покажат својата љубов.“
Н. Г. | Црнобело