Совет до мојата ќерка: „Немој да имаш секс само заради тоа што имаш 23 години“

Многу мразев кога луѓето се потиштени само заради некакви правила кои ги наметнуваа злобниците кои ги среќаваме во општеството.

ne-treba-da-imas-seks-samo-zatoa-sto-imas-23

Не ми се допаѓаше начинот на кој многумина знаат да се преобразат без да видат дека го изгубиле своето вистинско јас, само заради притисокот кој им беше наметнат, за да ги направат работите кои не сакале да ги прават.

Беше петок, се сеќавам дека после долгата попладневна дремка лежев во креветот, уживајќи во некое музичко шоу кое што одеше на телевизија. Мојата сопруга беше втора смена на работа. Ќерка ми, инаку студентка, од која не можев во ниту еден случај да се пожалам, бидејќи беше исполнителна и успешна онолку колку што беше убава, се врати од средбата со старите другарки кои останаа да студираат во нашиот град. Не ги имаше видено со месеци.

Но, наместо да се врати насмеана, расположена и среќна од таа средба, таа се врати целосно потиштена, ме прескокна мене и влезе во нејзината соба. Јас не можев да разберам што се случило и како секој родител отидов до нејзината соба,бидејќи тоа однесување не беше својствено за неа. Знаев дека нешто ја мачи и знаев дека можам да и помогнам, бидејќи со неа градев чист и искрен однос, можевме да разговараме како вистински другари без да се срамиме да ги кажиме работите еден пред друг.

„Јас се извинувам што моето однесување ти ја расипа постпопладневната мрза”. Ми се обрати таа бришејќи ги своите солзи.

„Ауу, малку ме боли тука на левата страна кога зборуваш така, нешто околу срцето. Зарем мислиш дека твоето присуство тука после неколку месеци недоаѓање, моја мала печалбарке е помалку ценето од мојата постпопладневна мрза? Се чувствувам навредено “.

Зборував јас, додека таа едвај чекаше да завршам за да почне да се празни емоционално.

„Сите го направиле веќе, останаа зачудени кога јас кажав дека не сум го направила. Знаеш за онаа работа ти зборувам, искрено од срце, секогаш сме биле искрени. Во тој разговор јас место да се чувствувам разбрана и поддржана, јас се почувствував осудена и неспособна. Јас сум била пример за калуѓерка, ми рекоа, како сум можела да ги држам хормоните во друг град каде никој не ме познава, како сум можела да живеам без секс ?”, продолжи да објаснува, леејќи огромни солзи.

„Многу пати сум ти кажал дека се гордеам со тебе, а за тоа има милион причини. Душо моја, тоа не значи дека ако ти си во непознат град, треба да бидеш како кучка пуштена од синџир и да одиш од едни во други прегратки. Тоа е твоја лична одлука, која јас навистина ја почитувам.

Тоа е твоето богатство кое треба да го споделиш со некој кој заслужува. Не треба да се најдеш во никој случај во нечиј кревет или да се разбудиш до нечие лице само заради што имаш 23 години. Никаде, никој, никогаш не напишал правило дека сексот мора да се случува прерано или предоцна. Ако си личност со карактер и чисто срце тој се случува кога страста ќе ја прелие чашата. Тоа е твој личен избор и никој не може да те осудува.

Порано или подоцна ќе се случи и ќе видиш дека се што си мислела дека е твоја вина, ќе стане твоја гордост. Бидејќи човекот кој ќе го гали твоето тело додека лежите голи во креветот, ако е вистинскиот, ќе биде повеќе од среќен што нашол, нешто што во денешно време ретко се наоѓа.

Затоа ако ме прашуваш мене, не треба да имаш секс само затоа што имаш 23. Јас никогаш не би сакал да дознаам дека мојата ќерка го продала своето тело за експеримент и притоа била сосема несреќна, но морала, заради тоа што сите правеле така. Тука правило не постои, едноставно така оди животот. “

Таа без да размислува скокна во мојата прегратка. Плачеше мислејќи дека проблемот е во неа, јас плачев бидејќи проблемот не постоеше, а јас сум одгледал прекрасно чедо.

Сексот како секс ќе се случи, можеби и кога таа најмалку очекува, но првиот пат не треба да биде само заради тоа што требало да биде, туку емоциите и страста треба да го креираат тој чин кој ќе ја обележи засекогаш. А никаде не сретнав или никој умен не рекол дека за тоа постои старосна граница. Додека ми се вртеа тие мисли, останавме во прегратка, малку подолго,се додека солзите не стивнаа....

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg