Секс од одмазда - да или не?
Иако за овој начин на одмазда не се зборува често, факт е дека сексот од одмазда е навистина популарен. И мажите и жените најчесто го...
...практикуваат за да му се одмаздат или да го казнат партнерот заради неговата неверност.
Во екстремни случаи жените се одлучуваат на ваков секс за да му пренесат некоја полова болест на мажот кој ги повредил.
Без разлика на причината, луѓето се одлучуваат на одмазднички секс со пријатели, поранешни партнери или најдобри пријатели/ки на својот партнер/ка.
Причини Против секс од одмазда:
- Нанесувате поголема штета на ситуацијата која може да се подобри
- Го ризикувате сопственото и здравјето на партнерот
- Се спуштате на ниво на личноста која ве повредило
Причини За секс од одмазда:
- Може да имате добар секс и привремено да се чувствувате задоволно
- Вашиот чин на одмазда може да ви овозможи чувство дека сте возвратиле “мило за драго“.
Освен ако не планирате да го снимите целото случување или да ја повикате личноста да ве посматра, одмаздничкиот секс може да ви донесе разочарување.
Затоа, добро размислете пред да се впуштите во ваков чин.