Во срцето имам место за двајца: Сопругот го сакам, а во љубовникот сум заљубена
Приказната на Вероника е контроверзна, а сепак не толку ретка. Нејзиниот емотивен живот е необичен, а самото тоа што отворено зборува на оваа тема, ја прави мета на критики.
Вероника се омажила многу млада, на 21 година. Родителите ја форсирале што поскоро да почне со семеен живот, иако сè уште немала ни запишано факултет.
Се омажила за Владо, кој и бил прв дечко. Заедно биле уште од средно училиште и бракот бил логичен сплет на околности. Го сакала, како и тој неа. Првпат спиеле заедно после 1 година од врската. Другарките и се чуделе како „издржала“ толку долго.
Меѓутоа, Вероника ги убедувала дека не мора да брза.
Се преселила заедно со сопругот во поголем град и тргнала на факултет.
Локалните мажи се залепиле за неа. Вероника била весела и прекрасна, а понекогаш дури и наивна. Меѓутоа, сопругот бил флексибилен околу нејзините обврски и предавања. Покрај тоа, и верувал. А, таа им одолевала на додворувањата и понудите.
Се вработила во голема фирма и почнала да излегува со колегите. Една пијачка после работа, за подоцна да се претворат во две, три, па целовечерни забави. Сопругот и бил малку загрижен, но не правел проблем. Тогаш се сретнала со човекот кој и го променил животот.
Шармантен, крупен, црн. Сите жени го гледале и уживале во глетката. На Вероника веднаш и се допаднал, но немала храброст да го погледне во очи, плашејќи се од она што можело да се случи.
Но, и тој се залепил за Вероника. Флертувал кога и да имал шанса. Чувствувал привлечност.
Една вечер кога останале сами се случил и првиот бакнеж. И вториот, и третиот... Останале бакнувајќи се до утрото. Ништо повеќе не се случило, но таа си признала. „Уловена“ е.
Продолжиле да се гледаат. Сопругот на Вероника претпоставувал, но ништо не можел да докаже. Таа се усовршила во лажењето.
„Како е можно ова да ми се случува? Го сакам сопругот, а заљубена сум во љубовникот. Никогаш не би го оставила Владо, но не сакам ниту да ја прекинам аферата,“ гласело доверувањето на Вероника на нејзина блиска пријателка.
На прашањето „Колку долго ова ќе трае?“ Вероника постојано си одговара „Се надевам што подолго...“
М. Д. | Црнобело