6 вистини за разводот кои никој нема да ви ги каже

За жал, денес разводот е многу чест, но сепак сѐ уште е тешко да се подготвите за сите проблеми кои можат да настанат. 

6-vistini-za-razvodot-koi-nikoj-nema-da-vi-gi-kaze-01

Разводот може да настане после години и години среќен брак или кратко подоцна без некое изненадување. Многу луѓе одбираат развод од многу причини, вклучувајќи проблеми со комуникација, неверност или злоупотреба.

Постојат многу упатства за справување, кои чувства да ги очекувате и како да се справите со децата, но постојат неколку нешта кои никој не ви ги кажува:

1. Сѐ уште постои стигма

Некои луѓе го гледаат како неуспех на бракот или како нешто да не е во ред со вас. Други го гледаат како прекршување на религиското верување, а некои луѓе не би излегувале со некој кој има брачно минато. Ако се одлучите за развод, тогаш мора да сте сигурни дека да ја донесовте вистинската одлука и да не ви биде грижа за мислењето на другите.


2. Очекувајте сожалување

Секогаш кога ќе спомнете дека сте се разделиле со партнерот, без разлика на околностите, луѓето секогаш ќе ви речат „Жал ми е“ и ќе ве погледнат со сожалување. Очекувајте дека ова ќе ви се случува и едноставно прифатете го.

Не оставајте ваквото однесување да ве фрустрира, особено ако вие ја инициравте разделбата. Луѓето тешко разбираат дека ова може да биде позитивна промена, особено ако никогаш не се нашле во ваква ситуација.

Луис Си-Кеј рекол: „Разводот е секогаш добра вест. Знам дека тоа звучи чудно, но е вистинито затоа што ниеден добар брак не завршува со развод. Тоа би било тажно. Замислете дека две личности кои биле во брак и им било супер, наеднаш се развеле. Тоа би било навистина лошо. Но, тоа никогаш не се случило.“


3. Очекувајте и oсудување

Луѓето ги проектираат своите погледи во другите во зависност од нивните минати искуства. Без разлика дали тие поминале низ развод, нивните родители се развеле или познаваат некој кој се разделил од партнерот, тие ќе ви го прикажат нивното гледиште и размислувања.

Понекогаш тоа може да ви биде од помош – особено ако и тие биле на ваше место. Но, понекогаш тоа може да нервира и да создаде лутина кон таа личност. Не оставајте овие нешта да ве повлечат. Знајте го ова ако носите ваква одлука. Само вие знаете што е најдобро за вас и никој не смее да ви суди.


4. Не постои лесна разделба

Дури иако вие и вашиот иден поранешен партнер заедно одлучите дека треба да се разделите и поминете без караници, сепак не постои лесна разделба. Зошто? Понекогаш, еден од партнерите ќе има друг партнер. Ако партнерот што ја иницирал разделбата има повеќе време да се прилагоди на ваквата транзиција и затоа може побрзо да продолжи понатаму.

Без разлика на околностите, ваквиот период е многу емоционален и нема да ви треба многу за караница. Иако првично сте планирале да останете пријатели или барем во добри односи, ова сигурно нема да се случи, барем не во првите фази на разводот и бидете спремни на голем број емоционални предизвици.


5. Ќе изгубите пријатели

Во човечката природа е нештата да бидат гледани строго црно-бело. Не е веројатно дека вашите заеднички пријатели ќе останат неутрални или во добри односи со вас двајца. Знајте дека е неизбежно да одберат страна.

Ќе ви биде тешко да изгубите култивирани пријателства, посебно ако ги знаете долг временски период. Сепак важно е да останете позитивни – енергијата која претходно ја трошевте на тие врски може да биде трошена на нови пријателства со луѓе кои вие ги одбирате.

Пробајте ново хоби, волонтирајте или одете на настани во вашата заедница – ова се одлични начини како да запознаете нови луѓе со слични интереси и да создадете сопствен систем на поддршка.


6. Разводот е многу, многу скап

Финансиските трошоци не се фактор за вашата среќа, но знајте дека ќе има финансиски импликации и бидете спремни да се справите со нив. Дури иако немате деца, ќе треба да внимавате на трошоците за адвокат, потенцијалните трошоци за хипотека (ако го продавате домот), трошоци за откупување (ако еден партнер му исплати на другиот вредноста на имотот) или алиментација.

Можеби не сте сетиле дека било кој долг кој се создал додека сте биле во брак може да се подели на двата партнери за време на разводот. Под ова спаѓаат студентски кредити ако еден од партнерите запише факултет за време на бракот и сл.

Раскинување на бракот не е лесна одлука, но вашата среќа е најважна. Ако чувствувате дека нештата не се во ред и никако не можете да ги поправите и разводот ви се чини како правилна опција, тогаш преземете акција и направете го тоа. Знајте дека ќе имате денови кога не ќе можете да се справите со ништо и тешки ситуации кои физички и ментално ќе ве исцрпат. Но, верувајте, дека сето тоа поминува.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg