Петте фази на љубовта: Зошто многу парови заглавуваат на третата фаза?
Сите ние сакаме вистинска, долготрајна љубов без оглед дали имаме 20, 30, 40 или 50 години. А, сепак секојдневно се распаѓаат голем број на бракови и луѓето не знаат зошто.
Наједноставно е да се каже дека избрале погрешен партнер.
По периодот поминат во тага и разочараност доаѓа периодот на барање нова љубов. Но, она што голем број истражувања го покажуваа е дека луѓето ја бараат љубовта на сосема погрешни места.
Многу од нив не разбираат дека фазата три од петте фази на љубовта не претставува крај, туку вистински почеток за постигнување вистинка, долготрајна љубов.
Фаза 1: Вљубување
Вљубувањето е трик на природата со кој таа ги тера луѓето да изберат партнер со кој ќе го продолжат нашиот вид. Вљубеноста е толку убава, бидејќи во нашето тело постојано се лачат хормони како допамин, окситоцин, серотонин, тестостерон и естроген.
Друг важен момент при вљубувањето е што сите наши соништа и желби одеднаш стануваат достижни благодарение на личноста која ја имаме покрај себе.
Фаза 2: Станување пар
Во ова фаза љубовта се продлабочува и се поврзуваме во едно станувајќи двојка. Ова е времето во кое имаме деца и се грижиме за нив. Доколку го поминеме успешно овој период, настапува период во кој поврзаноста меѓу партнерите се продлабочува и зајакнува. Време е за заедништво и среќа.
Во оваа фаза веќе не е толку присутна првичната љубовна заслепеност, туку акцентот преминува на поврзаноста со партнерот. Се чувствуваме безбедни и заштитени. Сексот можеби не е така див како на почетокот, но содржи повеќе чувства и задоволство.
Фаза 3: Разочарување
Никој не ни кажал дека фазата 3 е пресудната фаза за секоја врска. Ова фаза е фазата во која голем број од браковите завршуваат со развод а многу врски се ставени пред свршен чин. Ова е периодот во кој работите тргнуваат на лошо.
Ни пречат и најмалите работи, се чувствуваме помалку сакани и имаме чувство дека се наоѓаме во стапица од која сакаме што побрзо да избегаме. Стануваме раздразливи и гневни или повредени и повлечени. Се прашуваме што се случи со личноста која ја сакавме, каде ја снема љубовта која ја имавме и како да ја вратиме назад.
Ова е времето кога неретко психичката болка станува дури и физичка. Вашето тело едноставно не може да го издржи целиот тој притисок и попушта. Сè помалку имате желба за интимност и сè почесто размислувате како би било да ја прекинете врската.
Но, една стара поговорка вели „Кога поминувате низ пекол не застанувајте“. Ова е најдобриот совет за фазата 3.
Ако постои вистинска љубов ова е фазата која ќе го докаже тоа. Позитивното во оваа фаза е што отфрламе голем број од илузиите кои сме ги имале за себеси и партнерот, стануваме посилни и учиме да го цениме човекот со кого сме, а не нашите замисли за него како „идеален партнер“.
Фаза 4: Создавање вистинска, долготрајна љубов
Една од најдобрите работи од соочувањето со фаза 3 е што можеме да стигнеме до јадрото на она кое ја предизвикува нашата болка и несреќа. Кога веќе знаеме на што сме, многу е полесно да разговараме и работиме на тоа.
Животот воопшто не е лесен и постојано се појавуваат нови и нови проблеми, но разбирањето кое сега царува во врската е доволно силно да се издигне над нив. Сите ние носиме имаме свои рани кои е потребно да се залечат.
Ова е фазата во која учиме дека само заеднички можеме да успееме во нивното лекување. Започнуваме да гледаме на нашите личности како две прекрасни нешта кои страдале во минатото и сега со заедничка љубов се подготвени да го заборават сето тоа страдање.
Фаза 5: Користење на заедничката моќ за да се промени светот
Знаеме дека светот во кој живееме воопшто не е хармонично место во кој љубовта сама по себе може да преживее. Војните, конфликтите, расната и верска поделба постојано го парчосуваат светот и на моменти се прашуваме дали за неколку стотини години воопшто ќе постои човечкиот род.
Она што постојано ни се врти во главата е „Ако не можеме да постигнеме мир меѓу двајца луѓе кои се сакаат, тогаш какви се шансите да создадеме свет кој ќе им одговара на сите луѓе?“
Но, сепак тука е и другата страна на паричката. Ако сме успеале да ги надминеме сите наши разлики и сме нашле вистинска, долготрајна љубов во нашите врски, можеби можеме да работиме заедно за да најдеме вистинска, долготрајна љубов во светот.
Љубовта е таа која го движи светот па токму затоа обидете се да ја искористите вашата љубов и придвижете го светот кон повеќе разбирање, повеќе насмевки и уште повеќе љубов.
М. С. | Црнобело