Да те чекам на скалите од твојот праг?

Види сега вака. Ми се свиѓаш. Толку многу што сега, со ова писмо, со овие зборови трчам до твојот праг. Знам дека не си дома, но ќе те чекам на скалите.

da-te-cekam-na-skalite-od-tvojot-prag-01

На скалите на кои толку многу пати сме се бакнале и сме се качувале и слегувале. Ќе ти донесам кафе со тиркизна панделка – силно и горко во твојата омилена боја, нешто како твојот карактер. Но, ти не си комплетно таков.

Ми се свиѓаш затоа што знаеш како да се однесуваш со дама и знаеш како да бидеш убедлив и да кажеш многу со малку зборови.

Ми се допаѓаат твоите заспани очи кои гледаат директно во моите и ми се допаѓа како ми ја држиш целата глава додека ме гледаш и ме бакнуваш. Ми се допаѓа што секогаш си дотеран, макар да носиш само тренерки и маица.

Уште колку пати да повторам?

Ете, толку ми се допаѓаш, што за првпат во животов после предолго време јас сакам да бидам со некој т.е. со тебе. Дури и посакуваш да правам да бев во врска, иако најмногу ги мразам и се плашам од нив.

Го смислувам сега писмово и се прашувам дали нешто ќе ми вратиш. Дали нешто ќе речеш, дали ќе се насмевнеш или уште повеќе ќе се налутиш или комплетно никаква реакција нема да добијам.  Гледај колку се трудам да ги исправам нештава.

Грешам. Луда сум имам забегани мисли и знам да бидам неверојатно психотична, толку психотична што освен себеси ги полудувам и другите околу мене.

Жал ми е што се однесувам како недозреано дете некогаш и жал ми е што предизвикувам караници каде ги нема.

Ако го читаш сега ова, тогаш те молам појави се на прагот за да зборуваме. Појави се за да ти кажам колку многу грешам, појави се за да ти го дадам кафево што ми ги изгоре рацеве и појави се за да те бакнам.

За да те фатам околу вратот и така силно да те бакнам што ќе те натера да ми простиш.

Да те чекам ли или да заминам и да не се вратам никогаш? 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg