Mаж го илустрирал секој ден со неговата сопруга во 365 цртежи
Тешко дека ќе останете рамнодушни на прекрасните илустрации на Кертис Виклунд - свадбениот фотограф од Мичиген кој 365 дена ја цртал својата сопруга.
Виклунд бил инспириран од сопствената сопруга Џордин која и самата имала свој сопствен проект кој траел цели 365 дена.
„Во текот на оваа година, многу луѓе ни кажаа дека не запознале малку подобро и дека имале можност да погледнат во нашиот личен живот“ - објаснува Виклумд на неговата интернет страна.
Без разлика на тоа дали станува збор за четкање на заби или готвење или важни моменти како позитивен резултат за бременост - неговите слики служат како потсетник дека романтичноста е во малите работи.
Н. Г. | Црнобело