Познајте ја кога глуми оргазам

Студиите наведуваат дека секоја жена најмалку еднаш одглумила оргазам, а половина од нив се служат со оваа метода многу често. Освен што...

 

... таа не сака да го "разниша" вашето силно, машко его, постојат и многу други причини поради кои таа може да го одглуми оргазмот.

Една од тие причини може да биде и количината на алкохол кој го исконзумирала. Додека некои жени велат дека алкохолот им помага да се опуштат, факт е дека кај некои тој ја намалува сексуалната моќност и желба за секс. Во овие случаеви, потребно е многу подолго време за достигнување на оргазам, нормално ако воопшто и може да го доживее.

Другата можност се "искривени" очекувања. Можеби поради чувство на вина - дека ако не доживее оргазам таа ќе ве разочара. Како последица на тоа, после самиот сексуален чин, таа може да очекува дека со нејзиното непостигнување на оргазам, сексот ќе го прогласите за пропаст! Во дру случај пак, кога таа е уморна или нешто ја мачи, исто така постигнувањето оргазам може да биде "невозможна мисија".

poznajte-ja-koga-glumi-orgazam1


Сега поинтересниот дел - како да познаете глумица? Жените едноставно не можат да глумат навлажнетост. Ако произведува доволно сопствен 'лубрикант', можете со сигурност да кажете дека таа ужива. Спротивно, ако на клучното место почувствувате дека е суво, знајте дека не е возбудена.

Ако не и е интересно, таа вешто ќе смисли начин како да избега од вашиот кревет и се' набрзо ќе заврши. Една од честите методи е неочекуван и брз оргазам. Само што сте започнале со сексуалните игри, таа доживува оргазам. Гласен врисок, драматична воздишка и потоа ништо повеќе, освен можеби желбата да биде на друго место, што се докажува со брзината со која ќе стане од кревет. За разлика од актерките, вистински задоволената жена ќе сака да остане во кревет со вас, во вашата прегратка и топла постела.

Ќе бидете сигурни дека таа навистина ужива ако и се покачи телесната температура, внатрешните усни на вагината се надуени, влажни и со потемна боја од обично. Исто така, ќе има контракција на мускулите, а клиторисот ќе и биде поголем. Градите исто така ќе бидат наежени и надуени.

Ова се нештата кои ниту една жена не може да ги контролира, па затоа се и најверодостојните показатели за тоа дали се движите во вистинската насока и дали она што таа го презентира е реално.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg