Зошто интелигентните луѓе потешко пронаоѓаат љубов?

Професорот Али Биназир се одлучил да ја напише книгата „Tao of Dating“ за една специфична група на луѓе - интелигентните.

zoshto-inteligentnite-lugje-poteshko-pronaogjaat-ljubov-01.jpg

Како студент на Харвард, а подоцна и професор, тој забележал еден интересен феномен меѓу оние кои се сметаат за паметни - потешко започнуваат и одржуваат врски.

Постојат многу причини зошто интелигентните луѓе потешко успеваат да се заљубат и да влезат во врска, но четири се главни:

1. Постигнувања над врски

Луѓето кои се сметаат за паметни најчесто се фокусирани на тоа да постигнуваат успеси, не и на потенцијалните пријателски и романтични врски. Ова најчесто се случува затоа што нивните родители уште од многу мала возраст бараат од нив да бидат насочени кон тоа да имаат високи оцени на училиште.

Потешко е да склопувате нови пријателства или да мислите на симпатии кога имате бројни обврски, кога треба да добиете петка на тестот по математика или да научите да свирите на пијано. Така, овие луѓе уште од многу мала возраст немаат време да научат како да склопуваат пријателства или романтични врски.


2. Лажно верување: Постигнувањата се еднакви на љубовта

За жал, интелигентните луѓе уште од најмала возраст учат дека постигнувањата се еднакви на љубовта и ценењето од страна на родителите и пријателите. Истото верување го имаат и за романтичните врски.

„Целиот свој живот, паметните луѓе учат дека ако се добри ученици, ако работат напорно и ако постигнуваат добри резултати ќе добиваат и љубов од своите родители. Па така, се чини логички дека ова верување треба да успева и на романтично поле. Колку повеќе успевам, толку повеќе ќе им се допаѓам на момците (девојките)“ - вели Биназир.


3. Паметните луѓе заплашуваат

Не се мисли на тоа дека паметните луѓе изгледаат буквално како страшила, туку на самиот факт дека луѓето околу нив чувствуваат предизвик да се покажат пред нив, а најчесто не успеваат.


4. Безбедноста на прво место

Постои една работа која ја прават сите интелигентни луѓе, а тоа е што често мислат на работите. Мислат на сегашноста, мислат на иднината. Анализираат сè, а оваа анализа знае често да им предизвика проблеми во врската.

Веројатно се согласувате: тешко е да се релаксирате покрај личност која постојано мисли на тоа што ќе се случи во иднината, дали ќе успее вашата врска...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
„По породувањето чувствував болка при секс и бегав од сопругот – Како успеав да го решам проблемот и... „Ако слушнете како некој се фали дека има многу секс по породување, немојте ведн...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото Жените никогаш не треба да го направат првиот чекор, додека мажот секогаш треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg