5 работи кои мажите се надеваат дека нема да ги забележите за време на секс

Мажите не се совршени – и тие имаат свoи мали тајни и несигурности кои се надеваат дека нема да ги забележите.

devojki-vnimavajte-ova-se-rabotite-sto-mazite-se-nadevaat-deka-nema-da-gi-zabelezite-za-vreme-na-seks-01

Еве дел од нив:

1. Неговиот израз на лицето за време на оргазам

Ова е главната причина зошто мажите обожуваат да ве бакнуваат на вратот или градите додека доживуваат оргазам затоа што нивниот израз изгледа како да изеле лимон. А, тоа е дефинитивно нешто што не мора да го видите.


2. Фактот што одамна не бил во сала за вежбање

Да бидеме искрени, мажите поголем дел од своето слободно време го поминуваат на пиење со другарите или гледајќи фудбал – па затоа не се во најдобра форма. А, и бицепсот им е помал отколку на фотографиите од социјалните мрежи.


3. Дека навистина се труди да не сврши предвреме

Мажите ова го прават скоро во 50% од времето за време на секс, додека девојките мислат дека издишуваат и стенкаат поради задоволство. Не, тие се обидуваат да го контролираат дишењето и да мислат на нешто друго за да не свршат предвреме. Понекогаш и многу се трудат околу орален секс – само за да ја намалат тензијата.


4. Дека има проблеми со откопчување на градникот

Без разлика на тоа колку градници откопчале во својот живот, некои и понатаму претставуваат непробојна препрека за некои мажи. Нештата стануваат уште понапнати ако се одлучат да го направат тоа со една рака, само за да доживеат неуспех и да ја замолат партнерката да се сврти за да го направат тоа како што треба, после 30-на секунди обидување.


5. Дека има ѓубре под креветот

Штом сфатат дека доаѓа девојка, многу мажи целиот неред од собата го кријат под креветот или во ќошевите за кои се сигурни дека девојката нема да ги види. Затоа понекогаш инсистираат на секс со изгасени светла и поставуваат свеќи по станот – наместо да запалат светло.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg