Заблуди за сексот кои ни ги кажуваат филмовите

Доколку барате насоки за одредени работи во филмови, ова е најверојатно лоша идеја, особено кога станува збор за секс.

zabludi-za-seksot-koi-ni-gi-kazuvaat-filmovite-01.jpg

Филмовите се создадени со цел да бидат забавни и фантастични, па според Холивуд, само атрактивните жени и мажи спијат заедно.

Тоа е првата заблуда, а ова се уште неколку:

Женски оргазам за време на секс

Се проценува дека околу 13% жени доживуваат оргазам за време на пенетрација. На повеќето жени им е потребна стимулација за да доживеат оргазам, па дури и тогаш тоа често одзема многу време. Во филмовите ситуацијата e обратна.


Луѓето во брак немаат редовен секс

Во филмовите се чести стереотипи дека луѓето во брак немаат сексуален живот штом добијат деца. Можеби е причината за ова што филмовите сè уште се прилично старомодни.


Никој не користи кондоми

Ако сите би имале секс без заштита, како на филмовите, стапките на бременоста и сексуално преносливите болести ќе беа многу високи. Пореалистичен пристап до контрацепција би создал значително пореална слика за сексот генерално.


Мажите секогаш го сакаат сексот повеќе од жените

Доколку жените го сакаат повеќе од мажите, тие најчесто се лоши, луди или се работи за многу постари жени кои спијат со многу помлади мажи. Женската сексуалност конечно ја изгуби својата стигма, па прашањето е - зошто филмовите сé уште ги прикажуваат машките нагони како посилни?


Жените  спијат во градници

Постојат многу нереални работи во серијалот „Сексот и градот“. Скап начин на живот со мали плати, големи количини на алкохол без пијанство или мамурлак, но една од најпознатите нереални работи е дека Кери Бредшо секогаш спие во градник. „Сексот и градот“, како и другите филмови, нè убедуваат дек жените речиси секогаш спијат во своите градници (кои им одговараат на нивните гаќички). Овој модел најверојатно се појави поради клаузули за голотија во договорите.


Не постои лубрикант

Многу пати луѓето би можеле да користат лубриканти за време на сексуалниот чин, особено кога се користат сексуални помагала и играчки. Единствениот пат кога во филмовите ќе го покажат лубрикантот, најчесто станува збор за перверзна личност или сексуален манијак.


Првиот пат е или совршен или многу лош

Да бидеме искрени: најчесто првиот пат не е неверојатен. И тоа е во ред. Но, според филмовите првиот пат со некој или ќе биде „најдобрата ноќ во вашиот живот“ или „најлошото нешто што ви се случило.“

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg