Најголемите љубовни врски во историјата
Што ја прави една љубовна врска голема? Многу страст, еротика, добри или лоши односи помеѓу партнерите, фатална љубов?
Овие парови ќе ви го дадат одговорот...
Најголемите љубовни врски во историјата:
Наполеон и Жозефина
Marie-Josephe-Rose de Beauharnais била 32-годишна парижанка и вдовица, мајка на две деца, кога го запознала 26-годишниот Наполеон Бонапарта во доцниот 18-ти век. Таа немала интерес кон него, но Наполеон, млад и амбициозен војник - веднаш се вљубил во Жозефина.
Тие се венчале во 1796-та година, но штом тој заминал за Италија, Жозефина почнала да се гледа со други мажи. По некое време му станала верна. Наполеон по нејзината смрт носел цвеќиња од нејзината градина во својот медалјон до неговата смрт.
Ричард Бартон и Елизабет Тејлор
Можеби најстрасната, но сепак деструктивна љубовна врска во историјата беше она помеѓу актерите Ричард Бартон и Елизабет Тејлор. Тие за прв пат се запознле во 1963-та година, за време на снимањето на филмот „Клеопатра“. Тејлор во тоа време имала 29 години и била во брак со Еди Фишер, четвртиот сопруг.
Лиз и Дик брзо станале неразделни, а до 1964-та година се разведоа од своите брачни партнери. Тие работеле на неколку холивудски филмови заедно, добиле и номинации за Оскар.
Но и двајцата, исто така се бореле со зависност од алкохол и дрога, па и покрај нивната страст и посветеност, нивниот брак пропаднал. Двојката се разведе во 1974-та година.
Антониј и Клеопатра
Антониј и Клеопатра умреле за својата љубов. Клеопатра била кралица на Египет во 1 век п.н.е. која мажите ја сметале за интригантна. Таа му била љубовница и на Јулиј Цезар, кралот на Рим.
Марко Антониј, римски политичар и генерал ја поканил Клеопатра во посета со надеж дека ќе изгради стратешки сојуз со Египет. Тоа била љубов на прв поглед и за двајцата.
Сепак, Антониј се оженил со сестрата на Октавијан за да помогне во одржувањето на мирот и да ја обезбеди неговата моќ. После некое време Антониј се вратил во Египет и ја продолжил својата романса со Клеопатра. Антониј одлучил да се разведе од сестрата на Октавијан за да се ожени со Клеопатра.
Во текот на последната битка на Антониј против Октавијан му било кажано дека Клеопатра извршилa самоубиство. Уништен и тој самиот се убиl со меч. Клеопатра била всушност жива, а потоа била заробена.
Легендата вели дека таа успеаla да донесе отровна змија во својата ќелија и се самоубиe. Ова никогаш не е докажано, но сепак Антониј и Клеопатра биле закопани еден до друг.
Катерина Велика и Григориј Потемкин
Време: 1762, место: Русија. Со земјата владеел царот Петар Трети, а до него владеела неговата сопруга - Катерина Велика. Катерина била паметна и амбициозна, додека Петар бил неспособен и неефективен.
Само една година бил на власт, потоа е убиен, а Катерина станаla царица. Таа била под заштита на Григориј Потемкин, војник. Веднаш се вљубила во Потемкин и покрај фактот што тој имал прекумерна тежина и му недостасувало едното око.
Фрида Кало и Диего Ривера
Уште еден пример на страсна, бурна љубовна врска исполнета со голема радост и со длабока тага. Ова е приказната на мексиканскиот пар - Фрида Кало и Диего Ривера. Двајца уметници кои твореле кон почетокот на 20-от век.
Кало била слаба и несигурна поради страшната сообраќајна несреќа, а била позната и по нејзиниот емотивен набој и автобиографските дела. Ривера, сликар 20 години постар од неа, бил муралист.
Кога тие се ожениле во 1929-та година, Кало имала 22, а Ривера 42 години. Тие во голема мера се восхитувале на уметноста и се поттикнувале да создаваат повеќе.
Но, Ривера често ја изневерувал Кало во текот на нивниот брак, а и таа го следела неговиот пример. Како резултат на тоа двојката се разделила многу пати. Дури и се развеле во 1939-та година, но повторно се ожениле во 1940-та година.
М. А. | Црнобело