Како првата љубов влијае на идните односи?
Дали некогаш сте се запрашале зошто вашата прва љубов има влијание врз вашите идни односи?
Ова се причините поради кои токму ова може да биде случајот:
Младешките очекувања. Понекогаш никогаш не можете целосно да ви зарасне раната од првата љубов, а понекогаш баш поради овој факт во идните односи имате нереални очекувања. На пример, кога за првпат ја запознавте својата прва љубов, за првпат чувствувавте интензивна возбуда. Поради тоа најчесто очекувате да се чувствувате на ист начин и во иднина кога ќе запознаете личност во која ќе се вљубите. Ова не е реално, бидејќи како што растете, вашите очекувања можат да се променат.
Повторувачко однесување. Постојат моменти кога луѓето ја реплицираат страсната врска со нивната прва љубов и ја споредуваат со сегашната љубов. На пример, ако во вашата прва врска секогаш сте се бореле, ќе бидете убедени дека, со цел да создадете возбуда во вашата нова врска, ќе треба да се борите.
Учење на она што навистина го сакате. Замислете да отидете некаде и да не ви се допаѓа местото. Кога некој ќе ве праша за мислење за местото ќе знаете точно што да се кажете, нели? Истото важи и за првата љубов. Кога ќе доживеете прва љубов, ќе знаете точно што е она што го барате. Првото љубовно искуство се претвора во позитивна лекција за иднината на вашите односи.
Учите од што треба да се држите настрана. Истата логика важи и за оваа точка - да научите од вашето искуство, да не ги одбирате работите кои не сте ги сакале во минатото. На пример, ако вашиот поранешен партнер имал лош темперамент, не треба да се справувате со ова уште еднаш.
Првата љубов не е единственото љубовно искуство кое ве очекува во животот, но преку него понекогаш можете да научите важни лекции. Размислете за сите работи кои ви наштетиле додека сте биле во врска за прв пат.
Размислете за сите добри работи што ги правевте заедно и донесете заклучок врз основа на овие искуства, односно што е тоа што навистина го барате. Имајте го тоа во предвид, бидејќи тоа можеби ќе биде единствениот начин на кој ќе можете да се спасите од скршено срце.
М. А. | Црнобело