Знаеш ли колку е проклето чувството на недостигање?
Знаеш ли колку е проклето чувството на недостигање? Колку ли само е тешко да треба да живееш од спомен на допир, на срцебиење на сите тие „мамбо џамбо“ глупости?
Тешко е затоа што почнуваш да го запознаваш – да дознаваш што сака, а што мрази, што го развеселува, а што го растажува... му го гледаш тоа во очите.
Ги лизгаш рацете низ неговата коса и му ја гледаш насмевката. Одблиску и уште поважно му ги гледаш очите. Блескаат, имаат некој неопислив сјај и го гледаат градот кој толку мирно спие во толку необично време. Да го гледаш некого одблиску е посебна привилегија.
Да имаш можност да му го допреш лицето, да ја запознаеш секоја празнина, секое влакно од брадата, секоја точка, сѐ... е можност која ретко се добива.
Чувството е бесценето. Да го гледаш и да знаеш дека сака секоја минута да ја помине со тебе. Да мрзне само за тебе да ти е топло. Вистински џентлмен кој секогаш те допраќа до врата, те остава прва да поминеш и ти го придржува столот. Постојано ти дава комплименти и те прави исполнета.
Ти ја задоволува секоја желба и те бакнува насекаде. На вратот, по лицето, а неговите топли прсти го допираат задниот дел од твоите уши. Ги ставаш твоите раце во неговите широки џебови и прстите ви се поклопуваат. Неговите груби и силни раце нежно ја стегаат твојата мала дланка и се лизгаат нагоре-надолу.
Чувствуваш сигурност. Онаква каква што никој досега не ти ја пружил. Те седнува на високи места, те турка до крај, те враќа и на крај, те бакнува. Те предизвикува да искусиш страв и потоа ти ја враќа довербата. Ќе се потпре на тебе со неговото силно тело и тогаш не можеш да се плашиш. Не те остава да почувствуваш ни најмала ронка страв.
Вистински маж од соништата, од реалноста. Онаков каков што секоја девојка би посакала.
С. С. | Црнобело