Водич за почетници: Како да освоите писател?

Факт е дека писателите имаат „посебни љубовни копчиња“ кои имаат потреба да бидат притискани. Ако вашиот партнер постојано ги притиска погрешните со добра намера, тогаш продолжете да читате...

vodich-za-pochetnici-kako-da-osvoite-pisatel-01.jpg

За оние кои не знаат, постојат 5 „љубовни јазици“: зборови кои изразуваат поддршка, физички допир, време поминато заедно, добивање подароци и услуги. Но, писателите имаат свој „љубовен јазик“ кој само тие го разбираат и секако, оние кои се доволно храбри да ги љубат.

Погледнете како да ги освоите:

1. Оставајте мали љубовни белешки

Можеби звучи клише, но верувајте ни дека функционира. Ако не сте добри со зборови и идејата да пишувате ве плаши, тогаш прашајте го Гугл - тој сигурно има решение. Сигурно ќе најдете стотици иако излитени, сепак слатки реченици кои ќе им го разубават денот. Ставете го во чантата, под перница или на огледалото во тоалетот.

Овие мали гестови им значат повеќе отколку што можете да замислите. Не само што сфаќаат дека мислите на нив, туку и преземате иницијатива (особено ако тоа не го правите секој ден) и им покажувате дека им значите.


2. Купете им откачени подароци

Уште подобро ако напишете нешто на подарокот. Тоа дури можат да бидат чорапи со некоја интересна порака, убава тетратка и пенкало, класична книга која ја немаат прочитано, накит, интересни налепници, убав планер... листата е бесконечна.


3. Обезбедете им мир

Навистина е тешко да се најде тивко место на кое може да се седне и да се мисли само на пишување. Писателите често сонуваат за тивка куќичка покрај плажа, слушајќи само смирувачки звуци на кршење на бранови додека пишуваат. Но, ако ова ви е малку екстремно (а, да бидеме реални - е и скапо) тогаш можете само да им отстапите една соба во домот во која можат да пишуваат на мир.


4. Мора да знаете да разговарате на длабоки теми

Ретко кој од писателите не сака длабоки разговори. Тие посакуваат разговори кои ги стимулираат нивните глави. Тие имаат толку голема креативност што вие не можете ни да замислите. Тие обожуваат да размислуваат. Затоа, можат да седат со часови и да зборуваат за животот, нивните соништа и аспирации, како размислуваат и што чувствуваат. Тие размислуваат на поинаков начин од останатите и често ги гледаат нештата од поинаква перспектива.

Љубовта кон некој кој се занимава со пишување може да биде најдоброто искуство на вашиот живот, секако ако знаете правилно да го направите тоа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg