Како да создадете сексуална хемија?

Сексуална хемија е мистерија, но кога ќе ја поделите со некој може да ве натера да скокате од возбуда.

Kako-da-kreirate-seksualna-hemija

Што е всушност сексуална хемија?

Сексуалната хемија е нешто што не може да се види, исто како и љубовта. Ако чувствувате возбуда кога разговарате со некого или чувствувате слабост во колената додека се поздравувате, шансите се дека постои многу сексуална хемија во воздухот.

Доколку мислите дека сте се вљубиле во некој на прв поглед се работи за занес, доколку некој сексуално ве привлекува се работи за сексуална хемија.

Едноставно кажано - сексуалната хемија е занес и страст. Тоа е она што ги привлекува луѓето сексуално.


Како можете да ја креирате или зголемите сексуалната хемија во вашата врска?

1. Не се приврзувајте едни кон други

Поминете некое време далеку едни од други. Кога поминувате многу време заедно многу брзо може да ви здосади врската.


2. Бидете сигурни во себе

Луѓе со доверба и харизма секогаш се изгледаат повеќе атрактивни од другите луѓе. Сакајте се себе си, чувствувајте се добро за тоа кој сте.


3. Шегувајте се

Ако добиете нешто лесно никогаш нема да ја разберете неговата вредност. Закачајте го вашиот љубовник додека шетате по улица, правете нешто сексуално и смешно во јавност.


4. Бидете непредвидливи

Нема ништо посекси од љубовник кој е непредвидлив. Изненадете го вашиот партнер, направете нешто авантуристичко или смело кога тој најмалку ќе очекува.


5. Не го правете вашиот живот да биде рутина

Новите односи се возбудливи, бидејќи дознавате нови работи едни за други. Ова се менува кога вашата врска станува рутина. Рутините се предвидливи и здодевни. Сексуалната хемија треба да биде непредвидлива и возбудлива.


6. Не обидувајте се да ја принудите сексуалната хемија во врската

Таа не функционира на тој начин. Сексуалната хемија треба да биде природна.

Сексуалната хемија не е нешто што може да се контролира. Но, сепак можете да ја создадете, доколку сте упорни и истрајни.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Чекајте барем 6 недели, користете лубриканти – Што треба да знаете за интимните односи по породување... Штотуку сте донеле на свет нов живот, па нормално е да чувствувате промени, како...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg