Не ми треба кармин на твојата кошула, знам кога има трет човек во нашата врска
Не ми треба кармин на кошулата, ни сомнителни повици доцна навечер. Не ми треба проверување на пораки, повици и профили, следење не ми паѓа ни на памет. Доволно сум свесна и знам кога нешто не е како што треба. Знам колку давам, а колку примам.
Знам што ми е земено, знам што не сум дала, знам дека има трет човек во нашиот однос.
Едноставно е, те познавам, се познавам, знам како започнавме, ја знам нашата љубов уште од корен, се сеќавам на нашето прво излегување, првиот бакнеж, првиот секс, на бескрајните прегратки. И знам дека ова е една криза, за која не си само ти виновен, доаѓаат и такви моменти.
Знам дека она што ти треба не го добиваш во целост и само минливо го бараш кај другата. И убаво ти е со неа, можам да претпоставувам за нејзината личност, ама што ќе ми е.
Во овој бермудски триаголник сме тројцата, се лажeме, се смееме, се озборуваме, еден со друг, а кој неможе еден без друг?
Запрашај се драга моја, дали ја имаш власта да го задржиш, ама не, знам дека тој ќе се врати, затоа што нашата врска е посебна и таква и ќе остане.
А и ти драга моја ќе го најдеш својот пат, не ти се лутам.
За изневерување се потребни тројца, едниот да должи, другиот да побарува, третиот да нуди.
Н. Т. | Црнобело