Принц на бел коњ - се мачка на леб или како?!

Знаеш, едноставно немам повеќе емоции во мене. Мислам секако имам емпатија и чувства, ама некако немам она што го викаме „љубовни чувства“ и тоа кон никого.

princ-na-bel-konj-se-macka-na-leb-ili-kako-01.jpg

Некогаш само ќе си присетам на сите што ми поминаа во животот, некои се задржаа, а некои ги откачив или ме откачија по брза постапка.

Некогаш ќе си се присетам на едниот како седи на мојот прозорец во темнина, пуши цигари на прозорецот, а месечината му го осветлува ликот, небаре од филм е. И тоа заврши.

Некогаш јас грешев, некогаш тие, но на крај сепак моја беше вината што си останав сингл. И знам дека ми е подобро така.

Можеби токму затоа ништо не ми успеало – сите случки ми се како од филм.

Јас и верувам дека сите девојки барем еднаш биле „девојката од hotline bling“ – мислам неодложно е. Сите мораме еднаш да поминеме низ така голема болка за после сѐ да ни биде сеедно. Тоа „сеедно“ од една страна е благослов, но од друга е проклетство. Можеби нештата се менуваат кога ќе го запознаеш Вистинскиот...

Но, што ако Вистинскиот веќе си го запознала и си го шутнала? Што е со добрите момци кои ти го повлекуваат столот, без збор те испраќаат до врата? Зошто трчаме по „лошите момчиња“ иако знаеме дека немаат ништо да ни понудат освен малку разонода? Ние жените целите сме наопаку. Мислам, да не се лажеме – такви сме.

Што ако принцот на бел коњ, поминал застанал до нас, а ние сме го шутнале како да е фудбалска топка со која шутираме до голот?

Од друга страна што по ѓаволите е тој „принц на бел коњ“, се мачка на леб или како?! Која е дефиницијата за „совршено момче“ и зошто таа воопшто постои кога сите имаме маани?! Да бидеме реални – ама баш никој не е совршен и не знам што туку се занимаваме со такви глупости.

Од трета страна пак, дали треба да се задоволиме со просечно? Дали тоа добро момче кое го повлекува столот и е џентлмен во сите можни аспекти, сепак ни предизвикува змејови во стомакот и што ако не ги предизвикува, а некако жал ни е да го шутнеме (#јер многу се труди).

Отсекогаш нѐ учеле со „не се задоволувај со помалку од она што заслужуваш“, но што ако и ние сме просечни? Не зборувам само за убавина, туку и за карактер и за сѐ. Што ако се согласуваме со него или неа, но просечно е? Што правиме тогаш?

И друго најважно прашање: Каде одат сите чувства откако ќе престанеме да ги чувствуваме? Каде се губи сета таа љубов кон тој „hotline bling“ маж откако (тој) ќе ја упропасти? Баш ме интересира, ако некој знае, слободно нека ме просветли.

Инаку текстов нема некоја поента, ми се пишуваше и фатив да пишувам, не дека немам попаметна работа – имам (за жал).

Би се задоволиле со просечно, знаејќи дека сте просечни, или би продолжиле да го барате принцот, иако можеби веќе сте го пронашле?

Сега знам можеби некој ќе рече „Извини јас не сум просечна“ или нешто слично, но реално, просечни сме. Разликата е што некој знае да ја разликува таа просечност и да го увиди она посебното што без сомнеж постои во секој од нас.

А, тогаш се јавува ситуација во која може, а и не мора да се прашате: Што ако тој го гледа убавото во мене, а јас не?

Тогаш драга моја раскинувај. Ама сместа, или веднаш, како сакаш – важно направи го тоа. Едно што научив од моите пропаднати врски е ако некој не е екстра, заврши со него. За и тој да најде некој што ќе го истакнува најдоброто кај него, а ти да најдеш некој што ќе ти прави пеперутки.

Но, што ако ете тој просечниот е токму вистинската личност за нас?

Е тогаш, ништо, повеќе среќа следниот пат.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg