9 типа караници кои можат и веројатно ќе ви се случат во текот на празниците

Време за празници - ќе падне снег, започнува новогодишната магија, но воедно започнува и најстресниот период од годината. А кога сте во врска, голем дел од празничниот багаж ќе си го најде патот до вашата романса.

9-tipa-karanici-koi-mozhat-i-verojatno-kje-vi-se-sluchat-ovie-praznici-01.jpg

Токму затоа, истражување на Фејсбук податоци открива дека раскинувањата најчесто се случуваат две недели пред Божиќ.

Можеби нема да можете да ги избегнете, но можете ментално да се подготвите за сите сезонски извори на конфликти. Наш совет е да бидете подготвени на овие расправии и пробајте да се справите со нив на што е можно поздрав начин.

1. „Што ќе ми купиш?“

Да се потсетиме дека подароците не се тоа што ги прават празниците убави, туку моментите поминати заедно. Ве разбираме дека не сте материјалисти, но сепак станува збор за желба да се чувствувате ценето од страна на личноста која ја сакате. Затоа јасно искажете го ваквиот став. Ако зборувате на оваа тема, тогаш ќе имате можност да бидете на иста бранова должина и да ги исполните очекувањата на другиот, а со тоа и вашите очекувања да бидат исполнети.


2. „Заедно ќе славиме?“

Во зависност од сериозноста на врската, постои можност одделно да ги поминете празниците. Но, ако тоа не е разјаснето уште на почеток, одлучувањето каде и кога ќе славите како пар може да предизвика голем притисок врз двајцата (особено ако сѐ уште не ги имате меѓусебно запознаено семејствата). Останете позитивни и трудете се да бидете отворени кон сите опции, без разлика на исходот.

Запознавањето на родителите е многу важен чекор, но одложувањето додека не дојде подобар момент е подобро отколку да ги запознаете во лоши услови. Најлошо што може да се случи е да уживате и да се опуштите со својата фамилија, додека не ја запознаете неговата/нејзината во кој било друг ден од годината.


3. „Не е до тебе, туку до твоето семејство.“

Ако сте во долга врска сигурно веќе сте ги запознале семејствата и во некои случаи веќе завршила фазата „меден месец“. Иако тоа не значи дека не ги сакате, некогаш дури и најинтересните родители можат да бидат проблем со кој треба да се справите после неколку дена поминати заедно. Многу е потешко кога тие не се ваши, затоа што не можете да им го кажете вашето искрено мислење. Обидете се да се потсетите дека тие ја создале личноста која ја сакате и дека само поради тоа имате многу за што треба да се заблагодарите.


4. „Имаме различни традиции.“

Без разлика колку отворено размислувате за туѓите религии и традиции, постои нешто во празниците што ве тера да се однесувате како мало дете. За жал, тоа мало дете во вас може да се однесува незрело ако не ги славите празниците онака како што сте навикнати. Но, созревањето значи прифаќање на нови нешта и создавање на нови традиции. Сѐ додека сте флексибилни, вашиот партнер ќе го прифати она вам што ви е важно.


5. „Двајцата немаме скршен денар!“

Парите не се сѐ на светов, но животот е многу полесен кога ги имате. Едно нешто што го имате заедничко оваа сезона е тоа што никој нема пари во овој период од годината – а тоа дефинитивно ги отежнува работите. Фокусирајте се на времето што го поминувате заедно затоа што веројатно двајцата не можете многу да си дозволите.


6. „Како ќе стигнеме таму?“

Логистиката при патување не е толку важна, но таа може да ви ја растури врската ако не внимавате. Без разлика како патувате, ако патувате заедно, тогаш знајте дека нештата нема да се лесни. Патувањето може да ви ги покаже мааните на партнерот – т.е. се буди во 6 наутро и дозволува само закажани паузи за тоалет.


7. „Дали комбинацијава прави да изгледам дебело?“

Оваа празнична сезона е наменета за јадење храна која ја немате во текот на годината, но во која многу уживате. Па, затоа во ред е малку да се опуштите. Но, ако претерате т.е. дојдете до стадиум во кој немате самодоверба, тоа може да влијае на вашата љубовна врска. Ако не се грижете за себеси и го обвинувате партнерот тоа не е нити фер нити здрав начин да се справите со тоа. Пробајте да не прашувате вакви прашања, затоа што не е добро за никого.


8. Мавање со снежни топки

Ова можеби е најсмешното, најзабавното и најбезбедното од сите празнични активности, но многу лесно може да се претера. Не се занесувајте со победата, па да не можете да ги прочитате реакциите на партнерот и да им го упропастите денот. Секогаш претпоставувајте дека таа одвоила време за да си ја среди косата и да се нашминка, па затоа нема да биде премногу возбудена ако ѝ ја уништите.


9. „Само сум многу емоционален/на во моментов.“

Празниците се тежок период за сите и интимноста дава можност тоа да го види вашиот партнер, сакале вие или не. Не секогаш ова е најромантичниот период во годината, но може да биде одлична можност да бидете тука еден за друг. Секако дека ова се случува еднаш годишно, но можноста да го пребродите периодов со меѓусебно разбирање е подарок кој вечно трае. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg