7 знаци дека љубовната врска е причината зошто се чувствувате несреќни
Како што љубовната врска знае да ве направи среќни и задоволни, исто така го има и спротивниот ефект кога нешто не оди како што треба.
Ако моментално се чувствувате несреќно, а не можете да откриете зошто, овие 7 знаци укажуваат дека за тоа е виновна вашата љубовна состојба.
1. Сексуалната привлечност повеќе не постои
Сакале да признаете или не, сексуалната привлечност е она што ја прави врската позабавна. Само затоа што сте со партнерот неколку години, не значи дека е нормално таа да избледи. Да, можеби ќе го промени обликот и интензитетот, но ако е целосно исчезната, тогаш сте во погрешна врска.
2. Врската ве изморува
По само еден викенд заедно, се чувствувате уморни од сите тие објаснувања, лутења, па смирувања. Време е да се соочите дека партнерот е тој кој ви ја црпи енергијата, а не напорното секојдневие.
3. Често сакате да го избегнувате
Имате многу ситуации и настани кои попрво би ги доживеале со пријателите, отколку со партнерот. Ако ова е и ваша реалност, време е да ја прекинете врската.
4. Не уживате во друштво на партнерот
Ова е тесно поврзано со претходното. Можеби моментално ви се чини дека досадното излегување и не е нешто страшно, но ако сега не уживате во негово друштво, што ќе правите за 10 години? Многу е полесно да се соочите со фактот дека нечие друштво престанало да ви претставува задоволство.
5. Вие постојано правите се
Од ситниците како местење на кревет и раскревање на заедничката облека, па се до одлуките кои треба да ги донесете како пар. Без разлика за што и да се работи, не заборавајте дека сте двајца, па сите обврски би требало да се поделат на половина. Тоа е уште една причина зошто постојано сте изморени и несреќни.
6. Се чувствувате заробено
Ако во било кој момент личната слобода ви е загрозена или едноставно се чувствувате дека немате простор да напредувате, а очајно посакувате, време е да го направите првиот чекор и да се разделите.
7. Си замислувате колку добро би било да сте во врска со некој друг
Иако ова ви изгледа како изневерување, всушност тоа што одите против сопствените емоции е изневерување на самите себе. И токму тоа е најголемата причина за несреќа и незадоволство.