Постарите мажи се како добро вино: Позитивни и негативни страни на љубовната врска со нив

Љубовните врски сами по себе претставуваат доволен предизвик, а истите се уште поголем предизвик ако се справувате со дете што не знае да порасне. Ако ви е смачено од незрело однесување и останатите последици од несредениот живот на младата генерација, тогаш можеби вашата сродна душа се крие во некој малку постар.

postarite-mazhi-se-kako-dobro-vino-pozitivni-strani-na-ljubovnata-vrska-so-niv-01.jpg

Да не се разбереме погрешно - под „постар“ подразбираме некој што е 7-10 години постар од вас. Секако, како и сѐ во животот ваквата љубовна врска си има свои позитивни и негативни страни.

Еве неколку од нив:

Од аспект на пријателите

Позитивни страни: Тие имаат интересни пријатели

Кога се дружите со постари од вас имате можност да доживеете интересни и динамични луѓе кои стареат грациозно. Тие се фасцинантни, шик, софистицирани суштества кои преферираат чаша Шардоне, отколку да се пијанат со текила цела ноќ. Плус, со нив можете да водите интелектуални разговори за животот, љубовта и уметноста.

Негативни страни: Понекогаш може да бидат вообразени

Ах, тие погледи на љубомора кога сте најмладата девојка во просторијата. Нивните погледи ве сечат, се држат едни до други, не оставајќи место да им се приближите и си дошепнуваат меѓу себе: „Јасно е зошто овие се заедно“  и на незабележлив начин ќе покажат кон вас.

Како да сте спонзоруша и како да одите со него само поради парите, како да сте само украс на личноста со која излегувате. Ретко која вистинска дама не би се налутила на тоа.


Од аспект на љубовните состаноци

Позитивни страни:  Тие знаат да ви приредат вистински состанок

Денешните генерации сметаат дека совршениот состанок се состои од гледање филм и галење после тоа во некој смрден стан со расфрлани чорапи и долна облека насекаде. Жените не се обожаватели на тоа. За возрасните, поимот „вистински состанок“ означува убава вечера во фин ресторан, со квалитетно вино и резервации.

Постарите мажи знаат дека кога носите скап парфем и прекрасен фустан дека треба да ве изведат на подеднакво убаво место. 20-годишните момци од друга страна, воопшто не се заморуваат со тоа.

Негативни страни: Имате постојано чувство дека сте сиромашни

Ако сте во 20-тите години, тогаш голема е веројатноста дека животот не ви е баш среден. Во ред е ако сѐ уште откривате што сакате од вашата кариера и финансиската состојба не ви е најдобра, но кога сте во врска со некој постар од вас, веднаш ќе забележите како изгледа сметка со 5 цифри.

Одненадеж, „случајно“ ѕиркате во нивната сметка, кога го проверуваат нивниот баланс и гледате бројки што никогаш во животот не сте ги виделе на банкарска сметка. Тој поседува автомобил, има повеќе кредитни картички од кои сите функционираат... И тогаш се сепнувате дека вие имате само една картичка и секогаш кога излегувате се молите таа да лизга без проблем.


Од аспект на сексот

Позитивни страни: Сексот е подобар

Искуството си го прави своето. Потребно ви е време за да ви стане удобно со вашето и телото на партнерот. Ви треба време за да научите што правите меѓу чаршафите. И најважно од сѐ, потребни се многу грешки за да станете добри во сексот. Што значи, кога водите љубов со некој постар од вас, тоа исто така значи дека имате секс со некој што е многу поискусен.

Тој не мора да ви биде учител за секс, туку може да ви покаже потези кои никој до сега не ви ги демонстрирал. Може да ве изненади со сексуална моќ и голема самодоверба. А, сите знаеме дека нема ништо посекси од тоа.

Негативни страни: Секстингот не им е силна страна

Секстингот е феномен карактеристичен за помладата генерација, па сосема е логично дека вашиот постар партнер не е запознаен со тоа. Ќе треба да го научите, но постарите побрзо учат, а самата возраст ги прави поискусни. Исто така, тие знаат како да го исклучат нивното его и да ве послушаат. Некогаш, тоа е сѐ што е потребно. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg