7 знаци дека треба останете сингл

Не треба да го поминувате животот во барање на партнер. Партнерот можеби не е тоа што ви недостига во животот. Понекогаш треба да работите на себе пред да започнете со потрага по партнер.

7-znaci-deka-treba-da-ostanete-singl-0001.jpg

Еве неколку знаци поради кои треба да останете сингл:

1. Не сте научиле да се сакате себеси

Не треба да бидете во врска со некој друг додека не научите да се сакате себеси. Ако сте несигурни, постои можност да го обвинувате вашиот партнер дека ве мами или лаже, бидејќи не сте сигурни зошто токму вас ве одбра за партнер од сите луѓе на светот. Доколку научите да се сакате себеси, тоа ќе ви помогне да избегнете непотребни драми.


2. Имате премногу работа на која треба да се фокусирате

Ако сте редовен студент и работите полно работно време, им помагате на своите родители, се грижите за вашите браќа и сестри, веројатно не е идеално време за врска. Ако веќе имате премногу обврски, партнерот може да предизвика само повеќе стрес.


3. Сè
уште сте вљубени во бившиот партнер

Ако сè уште имате чувства кон бившиот партнер не треба да започнете нова врска. Тоа не е фер кон нив, а не е фер ниту кон вас. Прво треба да го решите вашето минато, а потоа да ја започнете вашата иднина.


4. Не сте пронашле некој со кој навистина сакате да бидете

Не би требало да излегувате на состаноци со некој само за да можете да кажете дека имате дечко∕девојка. Доколку никој не ве интересира, не треба да бидете во врска.


5. Попрво би спиеле дома

Ако не сте заинтересирани за моногамна врска, не влегувајте во неа. Можете да ги лажете вашите партнери и да се преправате дека ќе им бидете лојални, но зошто би го правеле тоа? Ако само сакате да спиете дома и да не се оптоварувате со никој, тоа е во ред. Само бидете искрени со луѓето и кажете им како се чувствувате уште од самиот почеток. Не ги залажувајте.


6. Не сакате да вложувате напори

Ако не сте подготвени да го задоволите партнерот, да излегувате со него на романтични состаноци секој викенд, и да вложувате напори во врската, не треба да бидете во врска. Не е лесно да се биде нечиј партнер. Тоа бара многу напор. Ако во моментов не сте подготвени да направите сé што треба за да го одржите односот, тогаш треба да останете сингл.


7. Забавно е да се биде сингл

Животот на сингл лица не е толку лош, како што сите го прават да биде. Кога сте сингл имате слобода да го правите она што го сакате, секој викенд. Имате многу време за вашите пријатели, роднини, хобија... Можете да флертувате со секоја личност со која ќе сакате. Доколку уживате во својата слобода, нема потреба да брзате да влезете во врска. Уживајте во вашиот сингл статус додека трае.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg