6 мажи со кои ќе бидете откако ќе раскинете со оној кој мислевте дека е Вистинскиот
Прекинувањето на врската која мислевте дека е онаа вистинската, ќе ви приреди еден прилично неочекуван ролеркостер од емоции во животот.
Без оглед на тоа која е причината за нејзиното прекинување, на моменти ќе се чувствувате тажно, а веќе во следниот момент нервозно и подготвено за одмазда.
Како дел од овој процес на „лечење“ ќе спаѓаат и минливите мажи, што е сосема нормално.
Подгответе се за овие 6 типови со кои ќе бидете по Вистинскиот:
1. Емотивно недостапниот тип
Очекувано, затоа што по долгата врска и вие сте недостапни во секоја смисла на зборот. Добро, можеби освен во физичка. Околу него нема да се трудите многу, затоа што и тој нема да се вложи. Во најдобар случај, по неколкуте излегувања, ќе сфатите дека може да останете само познаници.
2. Типот „само за секс“
Најверојатно најважниот со кој ќе се гледате откако ќе раскинете со Вистинскиот. Прво, затоа што ќе ве прави да се чувствувате посакувано, второ, затоа што ќе ви помогне да ги тргнете мислите од болното раскинување.
3. Премногу совршениот тип
Со него ќе се согласувате за 100% од работите. Тој ќе биде смешен, забавен, паметен, со стабилна работа и од добро семејство. Но, веројатно перфекцијата ќе ви биде досадна. По кратко време ќе сфатите дека не е до него или до вас, туку до тајмингот во кој се среќавате.
4. Типот со кој ќе се одмаздите
И нема да биде најгорди на изборот. Тоа може да биде колегата на вашиот бивши, неговиот пријател, шеф или најголем непријател.
5. Типот кој не е ваш тип
Со него ќе сфатите дека понекогаш не е лошо да експериментирате. Благодарение на него ќе сфатите што не сакате.
6. Типот со кој ќе одите на состанок на слепо
Тука ништо не можете да знаете додека не пробате. Можеби ќе биде тотална катастрофа или апсолутен погодок - трета опција не постои.