Генерацијата со изгубена способност за љубов

Генерацијата со изгубена способност за љубов - oва е називот со кој многу често научниците ја опишуваат генерацијата која во моментов се чини заглавена помеѓу искрената љубов и заслепеноста од сјајот на парите и славата.

generacijata-so-izgubena-sposobnot-za-ljubov-01.jpg

Генерацијата која романтиката ја смета за демоде и која е зависна од моментално глорифицирање и задоволување на сопствените желби и потреби.

Генерација на егоцентрични личности кои сметаат дека љубовта се изразува преку бројот на заеднички слики со партнерот на социјалните мрежи, а не по моментите поминати во тишина која само љубовта ја создава и разбира.

Ова се причините заради кои научниците го користат епитетот „генерација со изгубена способност за љубов“:

Не размислуваме долгорочно, се грижиме само за моментално задоволување на желбите

Живееме во време кога ни е дозволен и овозможен пристап до сè што ќе посакаме. Ако сме гладни, на само чекор од нас има барем 2-3 места од каде можеме да избереме храна. Ако ни е досадно, тука се паметните телефони и интернетот благодарение на кои можеме да најдеме занимација и одговори на сè што ни е потребно или нè интересира.

Проблемот со моменталното задоволување на желбите е тоа што очекуваме истото да се преслика и во нашиот емоционален живот. Љубовта не е нешто кое можете да го добиете и имате сфаќајќи го здраво за готово, љубовта бара секојдневно и постојано вложување.


Спиеме во толку многу различни кревети

Некои повеќе, некои помалку, но сепак поголемиот дел од луѓето имаат прилично голем број на партнери во само една година. Да не се разбереме погрешно, сексот е нешто убаво, да, но сите тие вечери поминати во различни кревети на крајот не создаваат чувство на задоволство, туку само една голема празнина.


Стануваме сè поегоцентрични

Сè повеќе се ставаме себеси на прво место, мислиме само на нашите потреби а сè останато ставаме во втор план. Егоцентричноста е до некаде вградена во нашата ДНК, но проблемот се јавува кога истата ја надминува нашата способност за сочувство кон другите.

Како човечки суштества немаме друг избор освен да живееме во заедница, што е многу тешко кога себеси се гледаме како суштинска единка чии потреби и желби се на прво место.


Излегуваме со луѓето за да бидеме видени

Ако не сте биле на отворањето на најновото кафуле, ресторан, дискотека тоа значи дека следниот ден нема да бидете дел од најважниот разговорот на со колегите, пријателките, познаниците... Затоа решавате дека таквите работи не смеат да се пропуштат. Не е важно со кого сте таму, дали ви се допаѓа што во моментот сте таму, најважно е да бидете дел од настанот и да бидете забележани од што е можно повеќе луѓе.

Истото е и со љубовта. Од желба да бидеме со некого и да не бидеме сами, најчесто имаме до нас некој кој воопшто не е тоа што сме го сакале, водејќи се од тврдењето дека некој е подобро од никој.


Не сме отворени за компромиси

Сакаме секогаш сè да биде по наше. Зошто да не? Зошто треба да прифатиме нешто што ги преминува нашите ограничувања? Сево ова има смисла сè до моментот стануваме дел од врска. Во тој момент има нешто кое се нарекува компромис и станува главен предуслов за тоа колку таа врска ќе успее.

Што сакаме и што ни е потребно во тој момент станува многу поневажно од тоа што ѝ е потребно на врската. Можеби нема да го добиеме тоа што го сакаме, но можеме да добиеме нешто што ќе биде многу поубаво од тоа на кое сме се надевале.


Веруваме во бајки

Во бајките на Дизни принцезите секогаш го наоѓаат принцот кој ги спасува од сите неволји и живеат среќно до крајот на животот.

Епа принцови и принцези ова не е бајка, се нарекува живот и, да, многу е суров и безмилосен. Ако сакате нешто и верувате во тоа бидете подготвени да се изнамачите многу и да вложите многу за да го добиете истото.


Веруваме во совршенство

Односно да бидеме попрецизни, веруваме дека сме совршени. Не постои совршенство, ниту сега, ниту некогаш. Постојано сме во потрага по совршената личност заборавајќи на фактот дека само две несовршени нешта може да најдат начин на кој совршено ќе се надополнат.

Туѓото е секогаш послатко нели, ама кој ви кажал дека вашето не е доволно слатко?


Најголем дел од нас навистина не се способни да љубат

Љубовта е извор на огромна збунетост. Се менува низ времето и секогаш кога одново ќе се заљубиме. Љубовта е толку сложена што многу луѓе едноставно не се во состојба да го сфатат сето тоа.

И тука доаѓаме до замката – ако не сме во состојба да ја сфатиме љубовта, нејзината цел, нејзините граници и нејзините маани, никогаш нема вистински да бидеме среќни. А тоа е нештото кон кое сите тежнееме.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg