Писмо до мојата нова љубов: Не се знаеме, но разбери, жена сум со шесто сетило...
Мил мој непознат,
Јас и ти не се знаеме. Можеби се имаме сретнато некаде, некогаш, но не сме се препознале дека сме еден за друг. Но, знаеш, жена со шесто сетило...
Тоа ми кажува дека еден ден ќе се сретнеме. Во вистинското време, на вистинското место и ќе се препознаеме дека сме еден за друг. Тогаш ќе помислиш дека јас сум жената која си ја чекал со години, онаа која си ја сонувал, но никогаш не си и го видел ликот. Јас ќе знам дека ти си тој, вистинскиот, прекрасниот! Како? Па, ти кажав имам шесто сетило.
Тогаш, ќе започнеме да живееме. Да живееме за љубовта, да ја славиме секој ден. Возможно е човек да живее од и за љубов. Секој ден.
Ќе сонуваме големи соништа. Ќе кроиме планови. Ќе уплаќаме за патувања. Ќе се гушкаме со денови. Затоа што пред илјадници години некаде некој запишал дека јас и ти треба да се сретнеме.
Веројатно ќе се смееш кога ќе ги читаш овие редови. Ако. И јас се смеам, од возбуда за новата љубов што секој момент ќе затропа на портите на мојата душа.
Веројатно, на моменти помислуваш дека сум луда. Ако. Еден ден ќе сфатиш дека сум лудо вљубена во тебе.
Но, сигурно знам дека еден ќе дојдеш. Вистинскиот човек доаѓа, порано или подоцна. За да покаже колку животот може да биде волшебен.
Со нетрпение ги бројам деновите до твоето појавување,
Твојата идна Љубов
М.К. | Црнобело