Рецепти за успешен брак: Не ги бројте победите и поразите!

Преголемите очекувања од брачниот живот може да бидат причина за многу проблеми по кажувањето на судбоносното ДА.

recepti-za-uspesen-brak-ne-gi-brojte-pobedite-i-porazite-01.jpg

Еве неколку совети како да не си направите проблеми во бракот:

- Не одете на спиење лути еден на друг. Ова може да донесе катастрофални последици. Не ги слушајте советите на т.н. експерти кои велат дека проблемот треба да се остави да преспие, тоа едноставно не е точно.

- Не се задолжувајте уште на почетокот од бракот. Прекумерените долгови се една од главните причини за кавга. Не го правете тоа уште од почетокот на бракот.

- Немојте да претпоставувате што сака и што не сака вашиот партнер. Претпоставката води кон неволји. Разговарајте и оставете да се изрази партнерот самиот за она што го сака.

- Избегнувајте стереотипи на почетокот на бракот. Немојте да ги делите работите на машки и женски. Разговорот и договарањето може многу повеќе да ви помогне.

- Не ги бројте победите и поразите. Во бракот нема победник и поразен. Не му ја препишувајте вината на партнерот ако нешто не е во ред. Не плашете се од дискусија, играјте фер игра.

- Немојте да мислите дека бракот е прекрасен цело време. Како и животот, така и во бракот има и успеси и падови. Оние кои мислат дека бракот е розов, за кратко време ќе бидат разочарани. Во секој успешен брак партнерите знаат, или учат како да се справат со ситните секојдневни проблеми.

- Никогаш не го лажете партнерот и не ветувајте работи кои не може да ги исполните. Многу бракови завршуваат заради нешто ветено, а неисполнето, затоа што на тој начин се нарушува довербата.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg