Приказна за она што никогаш нема да биде

Уште едно разочарување кое го дознаваш со изминување на годините, сфаќаш дека ништо не е онака како што изгледа и сфаќаш дека не си изграден за овој суров свет и одеднаш ти велат дека си се сменил. А, ти всушност само си се прилагодил на она што те научил животот и умираш полека со секоја болка нанесена од општеството.

prikazna-za-ona-sto-nikogas-nema-da-bide-01.jpg

Со таа мисла го започнав овој ден додека чекав кафе на автоматот, кој пак како за беља повторно ми ги лапна парите, па морав одново да внесувам со надеж дека ќе го испијам утринското кафе. Пушев цигара пред влезот на зградата и чекав, едно болно чекање кое беше бесцелно, една воздишка која навлегуваше подлабоко и од отровот на цигарето. Едно накострешување по целото тело, една нова мисла, еден нов копнеж кој умираше како што се гасеше чадот на цигарите.

Летнав со паметот заборавајќи што сакав да раскажам, повторно едно бесцелно тапкање во место додека да ми се отвори душичката, а не ми е лесно. Но, ете да речеме собрав храброст да прозборам, што би се рекло да слушнат душманите и да се гордеат на мојата несреќа, да бидат крвопијци кои живеат од мојата тага, да бидат она што никогаш нема да бидат, она што сум јас, но ете, нека бидат.

Неа ја знаев од кога знаев за себе, можеби и долго пред тоа, не можам да го објаснам тоа познавање, ми се чинеше како јас и таа да постоевме уште пред нашето постоење, како да бевме врзани и претходно во некој друг свет, нешто неописливо, многу чудно за мене.

Повторно ќе речат ете го овој за љубовта, но не како што кажав во насловот ова е приказна на мојата измачена душа, приказна која ме научи дека приказните немаат среќен крај, приказна за она што никогаш немаше да биде.

Да се навратам, животот мој добиваше смисла во нејзината насмевка, жарот во нејзините очи беа моја поткрепа, моја инспирација, мој зрак кој влева надеж, мој изгрев и мое зајдисонце. Таа ми беше сè. Со неа делевме и добро и лошо и тага и радост, во нејзината насмевка можев да се губам со денови, да живеам и умирам, без да знам дека воопшто некогаш сум се родил.

Се сеќавам првиот пат кога останавме сами, бев збунет бидејќи во нејзините очи бев само другар кој и така остана, но не можев а да не помислам да ја допрам и да ја милувам на некој поперверзен начин, на начин на кој би ми ги обзел сите сетила, а неа би ја збунил до целост. Знам дека седевме до липовата градина, барем така ја нарекуваа, на ридот и гледавме во реката. Имавме 17 години, таа ми раскажуваше планови, беше полна со живот, беше полна со среќа, беше....жива! А јас само уживав во секое делче од нејзиното постоење, посакував да не ја посакам, да не прозборам, само да умирам додека го слушам нејзиното губење во светот на материјалности, таа беше моја муза.

И ми доаѓа да си каснам од јазикот пријателе, дента кога ја испратив, не реков ништо, ПРОКЛЕТ ДА Е оној во мене, оној кој ме натера да премолчам, проклет да е денот, проклет да е човекот, проклет да е светот, проклето нека биде сè!

Солзи ми доаѓаат на очи, а ветив нема да плачам, но посилно е од мене. Тогаш како што згаснуваше сонцето, згасна и таа, без збогум, без последен поздрав. Тогаш мојата принцеза не се разбуди од бакнежот на вистинската љубов. Тогаш згасна таа, тогаш згаснав јас, а и долго потоа. И ме боли, проклето ме боли со секој изминат ден. Во главата имам филм кој секојдневно го зборувам, но на кого му треба реприза кога ја пропуштил премиерата?

И ете ветувам, ја допивам последнава голтка и ќе го направам она што одамна требаше. Ќе зачекорам низ мрачните плочи за еден последен разговор, за оној кој можеби би сменил сè, за оној кој ќе се каам и ќе ме боли се додека сум жив, за оној кој ми го корне јазикот и ми ја гризе душата, за оној кој нема да го изговорам тивко, ќе го кажам предоцна, но ќе го кажам.

Оној кој ме научи дека не секогаш приказните имаат среќен крај. Сè дури сум жив ќе тврдам и ќе раскажувам, ниту еден крај нема среќен крај, сепак на крајот е крај, нели? 

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg