Зошто ја одбрав токму неа?

Секоја девојка е уникатна, посебна на поинаков начин од сите други. Секоја девојка има нешто во неа што може да маѓепса еден маж и тоа да трае цел живот.

zoshto-ja-odbrav-tokmu-nea-01.jpg

Запрашавме неколку момци зошто ја одбрале за сопруга токму таа жена која сега го дели домот заедно со нив.

Ова се одговорите:

„Верувајте, ден денес не знам да одговорам на ова прашање иако сме 10 години во брак. Едноставно, таа е најпрекрасната жена која некогаш сум ја сретнал.“ - Тони, 37 години

„Ја одбрав за сопруга во моментот кога се стрча да му помогне на едно детенце во паркот кое се загуби. Тогаш сфатив дека таа ќе биде најдобрата мајка за моите деца.“ - Вангел, 34 години

„Заедно бевме неколку години, па по една бурна расправија секој продолжи по свој пат. Месец дена, додека бевме разделени, сфатив дека не сакам да живеам без неа. Ја побарав, разговаравме со денови, се смиривме и по две недели ја побарав за сопруга.“ - Сашо, 31 година

„Ја одбрав за сопруга затоа што знае да искаже љубов и почит, знае да си го организира времето, знае што сака во животот и се бори за тоа.“ - Аце, 35 години

„Се си дојде некако спонтано. Мојата сопруга ја побарав по само три месеци врска затоа што не верував дека ќе најдам подобра. Да се разбереме, не се каам поради тоа.“ - Злате, 37 години

„Уште првиот момент кога ја видов, се заљубив. Уште првиот момент знаев дека ќе ја оженам. Како што поминуваше секој ден поминат заедно се повеќе бев сигурен дека тоа е најдобрата одлука во мојот живот.“ - Игор, 34 години

„Зошто? Затоа што е единствена, поразлична од сите мои претходни девојки, ме врати во живот, ме потсети да се радувам, да се смеам...“ - Јане, 32 години

М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg