Работи кои треба да ги правите кога сте подготвени за врска

Ова не е упатство за како да го најдете совршениот маж и да го задржите, ова е за успешни, независни жени кои се подготвени да бидат со некој кој ќе биде нивен најдобар пријател и еднаков дел.

raboti-koi-treba-da-gi-pravite-koga-ste-podgotveni-za-vrska-001.jpg

1. Започнете со состаноци со самите себе

Кога барате љубов наоколу, најважно е да се сакате себе. Љубовта привлекува љубов. Ако се однесувате кон себе со љубов, внимание, почит и добрина тогаш ќе привлечете луѓе кои ќе имаат желба со вас да се однесуваат на истиот начин.


2. Треба да знаете што сакате

Секогаш е добро да бидете свесни што барате и што ви треба, но не треба да создавате некоја совршена и невозможна слика и никој да не може да ги исполни вашите очекувања. Сконцентрирајте се на тоа како сакате да се чувствувате кога сте во врска и правете работи кои можат да ви помогнат да се чувствувате така.


3. Вклучете го вашето зелено светло

Кога сте подготвени за врска треба и другите околу вас да го знаат тоа. Најлесно се комуницира преку говорот на телото. Релаксирајте го телото, одете побавно, држете ја главата високо и насмевнете му се на светот и видете кој ќе ви врати со насмевка!


4. Дознајте и експериментирајте со различни начини за запознавање на луѓе

Има многу начини да се запознаат нови личности, испробајте ги сите! Проверете кој имате во пријатели на социјалните мрежи, кажете им на вашите пријатели дека имате желба да ве запознаат со некој нивни пријател, запишете се на некој курс, одете на вежбање...


5. Бидете отворени за изненадувања

Не правете претпоставки за тоа со каква личност треба да бидете или со кој ќе завршите. Се повеќе луѓе велат дека се со личности за кои никогаш не би помислиле дека е можно да имаат заеднички интереси, а не па нешто повеќе. Не заборавајте љубовта не може да се случи со сила, добрите работи треба да се почекаат.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чекајте барем 6 недели, користете лубриканти – Што треба да знаете за интимните односи по породување... Штотуку сте донеле на свет нов живот, па нормално е да чувствувате промени, како...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg