Што влијае на тоа дали некој ќе се вљуби во вас?
Бројни истражувања кои се прават на основа на реалните приказни од тоа како се запознавале и вљубувале партнерите откриваат 11 пресудни фактори за да се појави љубов меѓу двајца.
Што влијае на тоа дали ќе се вљубите во една личност? Влијаат:
1. Сличноста во ставовите и карактеристиките
2. Географската близина
3. Преферираните карактеристики и изглед
4. Фактот дека ѝ се допаѓаме на другата личност
5. Задоволувањето на потребите
6. Физичка и емоционална привлечност
7. Социјалните влијанија, норми и прифаќањето од луѓето околу вас
8. Специфични карактеристики како: гласот, очите, движењето и слично
9. Подготвеноста за врска
10. Можноста да бидете сами заедно
11. Мистериозноста на ситуацијата или личноста
Еве како може една личност да се вљуби во вас:
Блискост
Близината помага. Можеби ова не звучи така романтично, но важно е каде го поминувате времето и со какви личности имате можност да се сретнете.
Според истражувањата, 54% од паровите кои се одличиле за прв состанок не живееле на преголема оддалеченост еден од друг.
Со кого е најголема веројатноста да станете пријател? Со некој кој живее во ваша близина.
Таков е случајот и со романтичните врски. Близината влијае на тоа дали ќе се вљубите еден во друг, не само поради можноста да се сретнете, туку и поради фактот дека свесно или несвесно многупати сте си ги разминале патиштата и сте се сретнале.
Според тоа, ако сте во потрага по љубов, размислете околу тоа каде го поминувате најголемиот дел од вашето време. Така звучи како очигледен фактот што сте сами, ако најголемиот дел од времето го поминувате дома и на работа.
Карактерот
Секако дека е важно другата личност да биде во позитивно расположение, да има смисла за хумор и да биде паметна, но постојат и други внатрешни карактеристики кои одредуваат дали изгледате привлечно за другиот пол.
Можеби најважна внатрешна карактеристика е самодовербата. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат повисока самодоверба имале почести љубовни искуства.
Спротивно на нив, луѓето со ниска самодоверба имаат тенденција да играат игри и да имаат проблеми со интимноста.
Сличност
Некои велат дека спротивностите се привлекуваат, но истражувањата нема да се согласат со ова тврдење.
Луѓето најчесто одбираат партнери со кои имаат слични карактеристики. Колку сте послични еден на друг, колку повеќе се совпаѓате и колку повеќе се чувствувате удобно во односот, толку е поголема веројатноста дека ќе бидете заедно.
Привлечност
Истражувањата покажуваат дека емоционалната чувствителност влијае на тоа дали ќе се вљубите. Речиси 1/5 од паровите кои биле испитувани откриваат дека се вљубиле додека биле во бурен период од својот живот. Така се зголемува чувствителноста.
Токму затоа, секоја ситуација која може да предизвика бура од емоции, може да ве натера и да се вљубите. Не важно од каде доаѓа возбудата, важно е да постои.
Убавина
Никој не може да го негира фактот дека големо влијание на тоа дали некој ќе се вљуби во вас има и физичката привлечност, односно вашата атрактивност. Токму затоа, секогаш е важно да внимавате и на вашиот изглед.