Дали е добро да бидете девица во 30-те години?
На социјалните мрежи често знаеме да сретнеме девојки кои се во своите 30-ти години, а сè уште немале никакви сексуални односи. Станува збор за убави, образовани, духовити девојки кои се девици.
Која е причината за оваа ситуација? Дали станува збор за брзиот живот и високите стандарди на мажите?
Причината лежи во стравот на жената. Проблемот е во тоа што жените ја сокриваат својата сексуалност и се повлекуваат во себе, а тоа може да биде штетно по нивното писхолошко здравје. Ова посебно важи за жените кои според годините се во својот репродуктивен врв.
Сепак, не станува збор за еден изолиран случај, туку за стандард кој може да се сретне кај повеќе жени.
Што советуваат експертите?
Најдобар начин да ја надминете бариерата е да побарате помош од сексолог кој полека, но сигурно ќе ве внесе во светот на сексуалноста, првенствено на начин кој ќе ве ослободи од стравот кој ве спречува да имате редовен сексуален живот.