12 работи кои мажот ги прави само ако вистински ве сака
Некои знаци на вистинската љубов се суптилни и скриени, но затоа постојат и оние јасните и „гласните“ кои за помалку од минута може да ви откријат колку партнерот се грижи за вас.
На пример, овие 12 работи ги прави само мажот кој ја сака својата партнерка:
1. Внимателно ве слуша кога половина час драматично ја објаснувате кавгата со колешката.
2. Ви го препушта далечинскиот управувач.
3. Ако не е со вас, никогаш не заборава да ви посака добра ноќ.
4. Пред донесувањето на важни одлуки сака да разговара со вас.
5. Кога ќе забележи дека некој друг ви приоѓа, истовремено е љубоморен, но и горд.
6. Има долгорочни планови со вас.
7. Ви го препушта последното залче.
8. Го игнорира мобилниот телефон додека е со вас.
9. Кога ќе доживеете успех не се штеди да ве пофали пред пријателите и родителите.
10. Не се чувствува „загрозено“ ако заработувате повеќе од него или сте на повисока позиција.
11. Се потпира на вас за што и да му затреба.
12. Иницира гушкање кое не мора да води до секс.