Секс играчки кои секој пар би требало да ги проба
Ви стана здодевно, секогаш исти пози, ист принцип, ист редослед? Време е да си го зачините сексуалниот живот и да си отворите нови интимни видици.
За таа цел најдобри се овие 5 играчки:
1. Лисици
Една од можеби најтрадиционалните секс играчки кои служат за дополнителна стимулација во кревет. Еден од партнерите може да биде врзан, зависно од тоа кој сака да доминира или едноставно да играте улоги.
2. Друштвени игри за возрасни
Овие игри во главно се наменети за партнери, па се играат со двајца играчи. Подразбираат консумирање алкохол, соблекување, како и пози и места кои би требало да ги пробате.
3. Марама преку очи
Ако ве возбудуваат изненадувања, тогаш ова е совршена играчка. Затоа што кога едно сетило се губи, друго се засилува.
4. Коцка
Не, не е обична коцка со бројки, туку со пози. Па кога нема да знаете што да направите само фрлете ја и чекајте.
5. Вибратор
Сосема очекувано, вибраторот е најпосакуваната женска играчка, па ако сакате да ја загреете атмосферата и да ја зголемите сексуалната тензија, слободно користете го.