Добри совети со кои ќе доживеете заеднички оргазам
Заедничкиот оргазам е на самиот врв на сексуалните желби за повеќето од партнерите, но често пати е невозможно.
Со оглед на тоа што на жените им се потребни 20тина минути, а на мажите околу 2 минути, ќе мора посериозно да се посветите на оваа секси мисија.
Ова се само неколку добри совети од сексолог кои може да ви ја олеснат работата.
- Кога се работи за предиграта, добро би било мажот прв да пружи задоволство, затоа што на жените им е потребно подолго време за да се загреат.
- Задоволувањето со прсти е еден од најлесните начини на кои жената може да доживее оргазам, па затоа е добра почетна точка.
- Ако мажот премногу се возбуди за време на предиграта, треба да го избегнувате допирот на долниот дел од пенисот, за да не дојде до преран оргазам.
- Комуникацијата за време на обостраниот орален секс е отежната, па за да ги избегнете прераните оргазми, договорете се за некој знак кој ќе го направите кога ќе бидете пред крајот. Така ќе знаете дали треба да паузирате или да продолжите со темпото.
- Одберете поза која врши притисок на клиторисот и на жената и дозволува да го контролира ритамот. Пример, позите во кои мажот е седнат или легнат се препорачливи, како обратна каубојка.
И запомнете дека ништо не може да успее од прв пат. Со вежби секој пат ќе биде посовршен.