Љубомора или посесивност: Едното зачин, другото отров за врската

Изливите на љубомора често се рефлексни и се јавуваат како резултат на стравот дека партнерот ќе ја изневери личноста или ќе ја остави. Тоа е така затоа што оваа емоција е стара колку и постоењето на човекот. Таа е во нашите гени.

ljubomora-ili-posesivnost-ednoto-zacin-drugoto-otrov-za-vrskata-01.jpg

Во минатото честа се бранела со сила, а во некои општества ова сè уште се случува, но во модерните општества посесивноста и љубомората се помалку присутни и посакувани.

Останува прашањето – во што е разликата? Психолозите велат едната емоција е зачин, а другата отров. Која е подобра?

Љубомората се манифестира на два начини:


1. Пристојна загриженост

Љубомората понекогаш е начин на кој ја изразуваме нашата грижа за опстојувањето на врската, па понекогаш е само стимуланс за зацврстување на љубовните односи. Важно е партнерот кој ја изразува да има рационални причини и да знае како да се сопре кога љубомората преминува во сериозна критики на однесувањето на партнерот.


2. Вознемирувачка деструктивност

Личноста која е уверена дека никогаш повеќе нема да најде подобар партнер подготвена е да направи многу повеќе. Во изјавувањето на овој тип на љубомора, себепочитувањето и самодовербата играат главна улога посебно кај личноста која е убедена дека ќе биде напуштена.

За жал, токму тоа може да ве однесе во рацете на „непријателот“, односно да го натера партнерот да си замине. Овој тип на љубомора мора да се контролира, во спротивно голема е веројатноста дека ќе дојде до раздор на врската.


Посесивност

Патолошката посесивност нема никаква врска со љубомората. Таа е нерационална. Се јавува кај оние личности кои се силно исплашени дека ќе бидат оставени, а поради својата несигурност го изолираат и контролираат партнерот.

Тешко може да се излезе од врската со патолошки посесивната личност  и токму тогаш се случуваат најголеми трагедии. Не е ретко, оние кои биле во врска со ваква личност да се добро манипулирани и да се убедени дека однесувањето на партнерот се случува поради голема љубов.

Реалноста е дека личностите кои се посесивни имаат ограничен капацитет за љубов,не затоа што се злобни или лоши, туку затоа што и самите не биле сакани.

Сепак, за секоја љубомора има лек.


Потребно е да знаете дека:

1. Вие сте целосна личност и без вашиот партнер.

2. Вие можете да функционирате и без вашиот партнер.

3. Вознемирувачката љубомора и посесивноста не се знак на љубов, туку израз на несигурност.

4. Бесот и одмаздољубивоста се знаци дека љубомората преминала во посесивност.

5. Запаметете – Никој нема право да направи да бидете несреќни, освен ако не го дозволите тоа.

Би можело да ве интересира:

„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg