Совршениот пенис е помал отколку што мислите
Оваа тема се чини дека никогаш нема да заврши и претставува причина за грижи на мажите ширум светот – која големина за жените е најприфатлива? Последното истражување кое е направено на оваа тема се чини дека може да ги ослободи мажите од нивните грижи.
Научниците од Универзитетот во Калифорнија направиле 3Д фотографии од 33 различни модели на пенис според големината и дебелината. Се одлучиле за 3Д фотографии за да направат фотографиите да изгледаат што е можно пореално.
Исто така, направиле разлика меѓу тоа колку им значи големината на жените на основа на тоа дали станува збор за секс за една ноќ или за врска.
Според резултатите, се покажало дека големината им значи на оние кои се одлучиле да имаат секс за една ноќ.
Така, за повеќето жени, просечната големина на пенис за една ноќ бил 16.3cm и обем од 12.7cm, а за оние кои биле во врска големина од 16cm и обем од 12.2cm.
По изборот, жените имале задача да се присетат на различните големини кои ги виделе. Овој дел од истражувањето открива дека повеќето жени подобро ја паметеле дебелината, одошто големината, затоа што очигледно таа им е поважна.
Меѓу другото, објаснување за тоа зошто жените кои се одлучиле за секс за една ноќ одбираат поголем пенис – жените кои се во врска многу полесно можат да доживеат оргазам благодарение на психолошката поврзаност, а останатите психолошката поврзаност ја заменуваат со големината.