5 најчести заблуди за врските: Среќните парови немаат кавги
Голем број на жени при влегувањето во нова врска имаат одредено мислење за тоа како треба да изгледа една добра врска и како треба да се чувствуваат во истата.
Таквите претпоставки го одредуваат нивното однесување во врската. За волја на вистината голем број од тие уверувања се заблуди а следните 5 се најчести:
1. Ако врската е судена – ќе успее
Врските се исто што и бродовите. Со нив треба да се управува, нормално можете да дозволите да ве однесе плимата каде што таа ќе посака. Но, при судир или потонување немојте да заклучите дека на таа врска не и било судено, затоа што вашата пасивност и недостаток на труд е причината за пропаст.
2. Паровите во добрите врски не се расправаат
Не е важно дали паровите се караат, туку начинот на кој што тоа го прават! Продуктивните кавги се тие кои спречуваат ескалација, доведуваат до одерени одлуки, решавање на проблемот и обострано договарање за тоа како продуктивно да се носите со слична ситуација во иднина.
3. Бременост и бебе ќе го реши проблемот
Породувањето е неверојатно искуство кое вашиот живот ќе го промени во секој поглед. Тоа во едно е и најстресната работа која може да ја направите во вашата врска. Ако имате проблеми треба да ги решавате со разговор, а не да очекувате дека бебето ќе ви ги реши проблемите.
4. Паровите би требало да имаат сексуални односи безброј пати дневно/неделно/месечно
Еден од најчестите примери за сексуално незадоволство е кога паровите имаат погрешни очекувања. Доколку мислите дека треба да имате односи 3 пати неделно, а го имате само еднаш, веројатно ќе бидете убедени дека нешто не е во ред (иако тоа воопшто не е така).
5. Партнерот точно знае што направил за да ве вознемири
Иако многу луѓе претпоставуваат дека партнерот може да им ги прочита мислите, науката уште не го потврдила тоа ниту кај паровите кои што се долги години заедно. Ако имате некаква забелешка кажете му на партнерот, тој не може да знае што ви се врти во главата и што ве изнервирало.