Зошто забранетото овошје е најслатко?

Без разлика за какви препреки се работи, повеќето луѓе имаат желба и страст за човек кој не им е достапен.

zosto-zabranetoto-ovosje-e-najslatko-01.jpg

Звучи незрело, но секој од нас ја имаа онаа личност која само го комплицира животот, но ние со задоволство ѝ дозволуваме и се препуштаме.

Постојат многу причини за ова нелогично однесување, а ова се само најчестите кои сите сме ги искусиле:

1. Суета

Многумина велат дека човекот може да се излечи од секое лудило, освен од суетата. Сите сакаме да се чувствуваме посебно, никој не сака да е немоќен и непосакуван, а тој инат се јавува и во романтичните односи. Посебно кога посакуваната личност ќе се претвори во недостижна цел. Колку што овошјето е понедостижно - толку желбата побрзо и континуирано расте.

zosto-zabranetoto-ovosje-e-najslatko-02.jpg

2. Достапност

Кога наместо песок на плажите би имало дијаманти, тие ќе бидат безвредни. Истото важи и во љубовта. Желбата за партнерот е посилна кога тој или таа не е достапен/на. Тогаш кога најдолго чекаме, најмногу се радуваме на повторните средби. Се работи за реципроцитет кој ако го користиме како добар зачин, може просечната врска да ја претворите во највкусен специјалитет.


3. Желба

За скротување на желбите се потребни најмалку две работи - искуство и мудрост. Искуство да сфатиме дека не секогаш е најпаметно да си ја исполнуваме секоја желба, а мудрост за да научиме дека она што другите го сакаат не мора да е добро и за нас. Околината наметнува стереотипи според кои пожелно е мажот да биде висок, а жената да има добри облини. Што се однесува до карактерот, таа би требало да биде потчинета, а тој доминантен.

Но, вистинското прашање е: Дали сакам послушна жена? Или доминантен маж?

zosto-zabranetoto-ovosje-e-najslatko-03.gif

Одговорот што сакате, што ве привлекува и за каков човек сонувате, го знаете само вие. Важно е да посакувате, баш како што дишете.

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg