7 мисли заради кои сè уште сте сами
Секој почеток е ризичен, но не мора да значи разочарување. И пред да го вперите прстот во партнерот, проверете дали проблемот е во вас.
Ако често ги имате овие 7 мисли, тогаш тие се причината зошто сте сами.
1. Тој е премногу...
Престанете да анализирате. Ако од мува знаете да направите слон, тогаш дефинитивно не е негов проблем што не ви вратил на пораката во рок од 10 секунди или не ви го придржел палтото кога се облекувавте. Не го проценувајте мажот по негативните ситуации и не му доделувајте епитети пред да го запознаете. Ништо не е така очигледно како што мислите.
2. Морам да бидам во врска за да бидам среќна
Верувале или не, една од работите заради кои сте сами е очајната потреба да бидете во врска. Никој не ја сака улогата на спасител во вашиот живот. Да имате свои интереси и пријатели е клучот на среќата. Како што вие не сакате момче - лепенка, така и момците не сакаат девојка која е зависна од нив.
3. Веќе нема квалитетни мажи
Не е во ред да го осудувате целиот машки род заради неколкуте негативни искуства. Тоа што бившиот ве изневерил или не сте имале нормален состанок со месеци не значи дека квалитетните мажи не постојат.
4. Повторно ги правам истите грешки
Веројатно сите имаме по некоја навика која ни штети на врските. Ако дојдовте до заклучок која е вашата, на добар пат сте. Запаметете дека секогаш вие ја држите контролата и имате избор како ќе постапите. Не си препишувајте сè на фразата „таква сум и тоа е.“
5. Не му се допаѓам доволно
Мислите дека не му се допаѓате зошто не ве поканил да излезете со неговите пријатели? Или затоа што не ви се јави точно во 5 часот, туку задоцни неколку минути? Тоа што тој не се однесува онака како што вие сте замислиле не е причина за неуспех. Не се концертирајте толку на претпоставките.
6. Не сум материјал за девојка
А како вие би ја дефинирале девојката која е сериозен материјал? Онаа која совршено готви, пере, пегла, чисти и е секогаш расположена за секс? Таква не постои. Сите сме посебни на свој начин. Само треба да најдете човек кој ќе смета дека мааните ви се симпатични.
7. Фокусирана сум на кариерата
Љубовта и кариерата не се поими кои нужно се исклучуваат меѓусебно. Кога еднаш ќе го сфатите тоа, ќе сфатите и дека кариерата и напредокот нема никаква врска со љубовта и љубовниот статус.