7 причини заради кои младите мажи сакаат секс со постари жени
Помеѓу младите мажи неретко ќе ја откриете желбата за секс со постара и поискусна жена. Но, зошто?
Ова се 7 можни причини:
1. Игра со бројки
Се подразбира дека старата жена има поголемо животно искуство, па со самото тоа и побогата сексуална историја. За младите мажи тоа е предизвик и сакаат кога до себе имаат личсен сексуален стручњак.
2. Знаат што сакаат
Постарите жени обично многу добро си го познаваат телото, знаат што сакаат, а што не.
3. Поопуштени се
А, со самото тоа и повеќе уживаат во сексот, што е возбудувачко за машкиот пол.
4. Го сфаќаат значењето на сексот
Точно знаат што значи сексот во една врска и не го користат за да добијат нешто за возврат. само уживаат во физичките и психички предности на добрата партија секс.
5. Уживаат во улогата на учителка
Сакаат да доминираат, но знаат и кога треба да му ја препуштат играта на партнерот. знаат да направат атмосфера, без страв дека некој ќе им се смее ако купат еротска книга или секс играчка.
6. Имаат самодоверба
А, самодовербата е најголемиот афродизијак за мажите.
7. Мажот знае на што е
Со постарите жени точно знаете на што сте, без тестови. На нив мобилниот и социјалните мрежи не им служат за играње. Тие точно кажуваат што бараат, што сакаат и како сакаат, без да се плашат дека заради искреноста ќе го изгубат партнерот.