Партнерот на второ место: 5 работи кои имаат предност иако сте во врска
Ако сте во среќна љубовна врска, проверете малку да не сте заборавиле на себе.
Ова се дел од работите кои треба да ви бидат број 1, без разлика на тоа колку го сакате партнерот:
1. Дружба со пријателите
Знаеме дека сакате секој момент да го поминете со партнерот, но тоа не е најздравиот избор. Вашите пријатели биле тука и претходно, па треба да останат блиску до вас и сега, кога сте среќни и заљубени. Затоа, научете подобро да си го организирате времето.
2. Самостојно донесување на одлуки
Секако дека сега сте пар и дел од одлуките треба да ги однесувате заедно. Притоа мислиме на одлуки врзани за вашата врска и вашиот однос, а не на насоката во која ќе оди вашата кариера или начинот на кој ќе се облекувате.
3. Време само за себе
Тоа што понекогаш сакате да останете цел ден дома мора да биде нормално. Исто како што и вие треба да имате разбирање кога партнерот ќе сака сам/a да лежи со омилената серија. Тоа се нарекува слобода и е темел на здравата врска.
4. Правете се како и пред да бидете во врска
Тоа се однесува на одењето во теретана, читањето книги, пишувањето или било кое хоби кое ве тера да се чувствувате свои. Зарем сакате да ја промените личноста во која тој/таа се заљубил/а?
5. Никогаш не го заборавајте семејството
Можеби сте во љубов, но тоа не значи дека вашето семејство со кое израснавте треба да стане неважно. Родителите, браќата и сестрите мора да имаат приоритет.