3 знаци кои ве издаваат: Љубов е, но не е вистинската
Љубовта е прекрасна работа, но проблемот е што може да се јави во безброј облици, видови и нијанси.
За да не бидете во заблуда дека сте ја пронашле вистинската, па потоа да се разочарате, потребно е да видите дали ќе се препознаете во овие 3 знаци.
1. Го сакате партнерот заради чувството кое ви го овозможува
Чувството не е доволно. Би требало да се заљубите во нечии квалитети. Со тек на време чувствата се менуваат. Само ако сте заљубени во нечиј карактер, ниту една промена нема да ви претставува пречка.
2. Двајцата ги сакате истите работи
И покрај уверувањето дека компатибилноста е доволна за успешна врска, не се држете слепо до него. Компатибилноста се состои во слични ставови и вредности, а не површни работи како „куќа од соништата.“
3. Со партнерот сте само за да не сте сами
Никој не сака да биде сам, но врската колку да се каже не е решение. Стравот од самотија можеби е оправдан, но треба да бидете искрени и праведни кон себе. Љубовта секако ќе дојде без многу форсирање.