Соочување: Што кога бившиот партнер искрено ќе ви одговори на сите прашања?
Раскинувањата не се секогаш едноставно разделување на двајца кои сфатиле дека веќе едноставно не се еден за друг, туку знаат да бидат и прилично тешки, посебно за оние кои никогаш искрено и отворено не си ги кажале работите кои ги мачат.
Таков е случајот и со Али и Ендру кои биле заедно 7 години, а потоа раскинале. Две години подоцна тие повторно се сретнуваат за проектот “The And” кој открива како врските прекинуваат и кои се работите кои останале неискажани меѓу бившите партнери.
Повеќе од очигледно е дека речиси никогаш работите не завршуваат со искрен и отворен разговор, а таков е случајот и со овој пар.
Нивниот отворен разговор кој се случува по 2 години, можете да го погледнете во 2 видеа кои се одговор на две прашања:
1. „Зошто ме изневери“?
2. „Дали би ми дала втора шанса“?