Што да направите кога сопругот ќе ви каже дека веќе не сте му привлечни?
Сексуалната привлечност е една од првите работи кои влијаат на среќата во бракот, но и прва која избледува и ослабува. Сепак, болно е кога тие зборови ќе ги слушнете директно од партнерот.
Откако една жена ги слушнала овие зборови од долгогодишниот сопруг, се обратила кај брачна и сексуална терапевтка.
„Со мојот сопруг сум веќе 26 години и мислев дека нашиот сексуален живот е добар, но минатата недела ми кажа дека веќе не го привлекувам, иако ме сака. Ми рече дека не сум виновна, дека ме смета за член на семејството наместо за љубовница и тоа никако не можам да го променам. Тоа не може да биде вистина, зар не?“ прашува загрижената жена.
Првиот совет од терапевтката бил: Важно е да ја пронајдете причината на проблемот.
„Тешко е да ја слушнете оваа груба изјава од човекот кој го сакате. Чувството на привлечност се темели врз фактот колку сте им привлечни и на другите луѓе. Затоа, ова може да биде понижувачко.
Во овој случај, проблемот е во вашиот сопруг. Единствениот начин да го решите ова е да откриете зошто е толку сигурен дека ништо не можете да направите. Најлогично е да го привлекува друга жена, а тоа го оправдува така што ве претставува како обичен член од семејството.
Ако ја негира потребата за љубовница, тогаш мора да ги испитате другите можни причини. Можеби неговото либидо е опаднато или пати од еректилна дисфункција, само не знае како да ви каже.
Многу мажи во 50-те и 60-те сакаат да се повлечат од сексуалниот живот затоа што веќе не се чувствуваат моќно и привлечно, но треба да бидат свесни дека оваа одлука не може да биде еднострана,“ заклучува терапевтката.