Приказна на еден несреќен сопруг: Зошто разводот е добра работа?

Велат дека после смртта, разводот е најлошата работа која може да му се случи на човек. Апсолутно не се согласувам. За мене разводот на бракот беше најдобрата работа која ми се случила. Сега ќе ви објаснам и зошто.

prikazna-na-eden-nesreken-soprug-zosto-razvodot-e-dobra-rabota-01.jpg

Мојата поранешна сопруга и јас се венчавме по двомесечна врска. На почетокот се изгледаше совршено, решено станбено прашања, двајцата вработени, имаше страст, се посакувавме еден со друг, но малку подоцна сфатив дека воопшто не сме се сакале.

Една година откако се роди нашиот син, таа почна да ја запоставува нашата врска, прекина да биде онаа нежна и внимателна Јана која ја знаев. Речиси и да не беше дома, после работа одеше на кафе со пријателките, некогаш на шопинг па ручек со колешките. Се враќаше дома доцна, го заспиваше нашето дете и повторно излегуваше со најдобрата другарка на која нејзиното друштво и било неопходно бидејќи штотуку прекинала долгогодишна  врска.

Мојот син речиси и да не ја гледаше својата мајка, освен пред спиење. Претпладне беше кај мајка ми, попладне кај мајка и. Секој мој обид да и укажам на постапките кои го уништуваат нашиот однос завршуваше со навреди, солзи и муабетот дека јас неа не ја разбирам.

Едно утро кога Јана ми соопшти дека планира да го помине продолжениот викенд заедно со другарка и на море, ми пукна филмот. И кажав дека нема да ја толерирам ни ден повеќе, дека може да оди кај што сака, но, дека сакам развод. Остана счудоневидена, како да не и беше јасно зошто сакам развод.

По долги и стресни кавги, судски рочишта, борба за стрателството успеавме да се разведеме и синчето остана кај мене. Во овие две години откако не сме заедно, таа си го има видено синот само девет пати. Душата ме боли кога знам дека ќе расне без мајка, но, верувајте вака ми е подобро.

Не можев да дозволам син ми да порасне во нездрава средина, во која неговите мама и тато секој ден гласно се караат поради тоа што мама никогаш не е дома и троши премногу пари. Не можев да дозволам син ми да расне покрај жена која го изгуби моралот, жена која не сфати што значи благодетот на бракот, љубовта и семејството.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg