Зошто се појавува љубомората и како да се ослободите од неа?
Љубомората може да биде симпатична, ако се применува во мали, ситни дози. Но, ако во било кој момент претерате, ќе се уништите и себе и вашата врска.
Ова се најчестите причини заради кои секоја жена е неконтролирано љубоморна:
1. Несигурност
Малите несигурности се безопасни, само ако почнете да работите на нив. Во спротивно, токму таа несигурност ќе ви ја заврши врската. Ќе гледате закана во секоја друга девојка која ќе му се приближи, а тој со тек на време ќе почне да размислува зошто воопшто е во таква врска која го задушува.
Како да престанете: Обрнувајте помало внимание на туѓите квалитети и вашите маани. Концентрирајте се на работите кои ве прават вас привлечни, не другите жени.
2. Минати искуства
Бившиот дечко беше неверен, па сегашниот трпи поради тоа? Со тоа си гарантирате дека нема да доживеете среќен крај.
Како да престанете: Знаеме дека е тешко и сте го слушнале 100 пати, но почнете да верувате дека не сите мажи се исти.
3. Чувство дека го поседувате
Тоа што е ваше момче не значи дека треба да имате имотен лист за него. Ако секој пат кога ќе излезе со пријателите, наместо со вас имате проблем, тогаш се работи за посесивност.
Како да престанете: Престанете да запишувате секој пат кога тој излегол со пријателите. Наместо тоа, паметете ги моментите во кои бил до вас. Најважно од се, престанете да размислувате за него како ВАША сопственост.
4. Потреба за драма
Некои жени се зависни од драми, па така од сосема обичниот разговор можат да донесат сосема погрешни заклучоци. Само затоа што зборува со девојката од спроти, не значи дека размислува за изневерување.
Како да престанете: Смирете се и размислете пред да реагирате, барем 10 минути. Запрашајте се дали имате издржана причина за љубомора или само ви е малку досадно.